Го намалува холестеролот и го чува срцето: Намирницата која докторите од Харвард ја препорачуваат е преполна со протеини.Зголемениот холестерол особено е опасен по здравјето затоа што не дава специфични симптоми и се открива само преку крвна слика.
Не е реткост неговата вредност долго време да биде зголемена пред да стигне и официјалната потврда од докторите, а со тоа се таложи лошиот LDL холестерол којшто може да предизвика сериозни кардиоваскуларни проблеми.
Зголемениот холестерол за среќа може да се коригира преку исхраната, а научниците од Харвард особено препорачуваат една намирница која го намалува холестеролот.
„Една состојка која се наоѓа во разни намирници може да помогне во намалувањето на нивото на холестеролот“, тврдат научниците од овој престижен Универзитет.
Храната за која станува збор е соја, а Британската здравствена организација ја означува како „совршена“ храна за здраво срце.
Докажано е дека нивото на лош холестерол кај жените расте по менопаузата. Изофлавоните (растителни состојки кои се наоѓаат во сојата) имитираат улога на естроген, па докторите им препорачуваат соја на жените кои поминуваат низ ова животно доба.
Сојата е одлична замена за месо поради тоа што содржи заситени масни киселини кои го зголемуваат нивото на холестерол во крвта.
Сојата не е само добар извор на протеини туку е богата и со растителни влакна, витамин Б комплекс и антиоксиданти. Во исхраната треба да внесете: соино зрно, млеко јогурт од соја…