Маж кој работи во сервис за мобилни телефони раскажал едно свое несекојдневно искуство.
„Денеска дојде еден брачен пар, донесоа мобилен телефон за поправка. Мажот ми објасни дека телефонот не работи и се договоривме да проверам што не е во ред. Тие заминаа, а јас го отворив телефонот и имав што да видам“, раскажал вработениот во сервисот и ја документирал целата приказна на ТикТок.
Тој во телефонот пронашол 100 долари и порака во која мажот го моли сервисерот да не го поправа уредот туку да ѝ каже на сопругата дека е потполно уништен.
„Сака да ја види мојата листа на повици, а јас не можам да ѝ го покажам тоа“, пишувало во пораката.
Вработениот и неговите колеги биле во дилема што да направат, а некои рекле дека жената сигурно веќе ги знае деталите од спорната листа. Приказната завршила така што жената дошла во сервисот и сервисерот ѝ открил сè, а таа му платила 200 долари да го поправи телефонот.