Го подобрува помнењето, го ублажува стресот и го јакне имунитетот: Синиот чај е задолжителен напиток

- Advertisement -

Синиот или цветен чај наречен „Butterfly Pea“ е познат пред сè по својата впечатлива нијанса. Бојата навистина делува магично, но таа не ги намалува вредните својства на овој напиток.

Растителниот чај без кофеин се добива од цветовите или од целото растение кое е познато и како „син грашок“.

Овој цвет е особено популарен во азиските земји како Тајланд, Индија, Малезија, Виетнам и Мјанмар. Цветовите се берат рано наутро, а потоа се сушат така што во нив останува малку влага. По варењето, тие ја менуваат бојата на водата во сина, а доколку во чајот додадете други состојки како зачини, лимонов сок или лимонова трева, бојата ќе стане розова или виолетова.
Овој напиток е подеднакво вкусен и кога е топол и кога е ладен. Во ајурведската медицина, самиот цвет е оценет како смирувачка билка која го подобрува помнењето и го ублажува стресот.

- Advertisement -

Зошто е овој чај корисен?
Само еден поглед на сината боја е доволен за опуштање и мирно расположение, а седативните ефекти на овој чај го прават идеален напиток пред спиење.

Синиот чај може да го ублажи воспалението на белите дробови. По висококалоричен оброк или зачинета храна, тој совршено ќе воспостави рамнотежа. Исто така, помага при детокс на организмот, помага во одржување на младешкиот изглед и ја намалува потребата за храна предизвикана од стресни ситуации.
Овој необичен чај го зајакнува имунитетот, а на Тајланд се верува дека го подобрува и видот и го зачувува здравјето на косата и кожата.

Чајот има специфична арома со примеси на пченка и зелен грашок, а одлично одговара во комбинација со лаванда, роза, мед, лимон, мајчина душица и нане.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави