Грозданова: Нема простор за паника кај оние што ја примиле „Астра Зенека“

- Advertisement -

Апсолутно нема простор за паника кај граѓаните што ја примиле првата доза на вакцината против ковид на „Астра Зенека“, бидејќи ова е една од најквалитетните и најбезбедните вакцини, вели проф.д-р Александра Грозданова од Националната техничка група за ковид-19 вакцинација во вечерашната дебата на „360 степени“.

„Вакцината на ‘Астра Зенека’ е прва авторизирана и лиценцирана вакцина против ковид уште во декември 2020 година. Само за информација за граѓаните, на територијата на Велика Британија дадени се повеќе од 11 милиони дози од оваа вакцина, а на вкупната територијата на Европската унија тоа се веројатно повеќе од 20 милиони дози“, вели Грозданова.
Во врска со одлуката оваа вакцина засега да не се дава на лица помлади од 60 години, Грозданова влеи дека станува збор за претпазливост.

„Нормално е кога вакцината се користи во милионски дози да се најдат и луѓе кои ќе реагираат на ваков начин, кои ќе имаат несакани реакции. Она што денеска го слушнавме од германското регулаторно тело е дека препорачуваат за оние кои се под 60 години и веќе ја примиле првата доза на ‘Астра Зенека’ да не се ревакцинираат со истата, туку ревакцината да се направи со некоја од другите вакцини со мРНА како ‘Фајзер’ и ‘Модерна’. Но, ова сепак останува само во рамки на препорака“, додава Грозданова.

Последни објави

НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО

НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО Дали имате дигестивни проблеми, дали страдате од непријатен мирис на пот и лош здив?...

ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!

Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!Верувале или не, пиењето едно пиво дневно е исклучително добро...

Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!

Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!Нутриционистите советуваат дека течноста сепак е вистинскиот избор Сите сме имале многу пати...

ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА!

ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА! На секои 10 l вода додадете 250 гр сол и...

Поврзани објави