Никола Груевски, бегалецот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи по повод денешната одлука на судот за „Организатори на 27 април“. Тој смета дека одлуката на Судот е резултат на општата атмосфера на судството, и дека тоа ги живее најтеѓките години на страв од казна од извршната власт.
„Денешната одлука на судот за предметот наречен “Организатори на 27.” е резултат на општата атмосфера во судството (и во државата). Атмосфера во која судство ги живее најтешките години на страв од казна од извршната власт, разрешување па дури и прогон на судиите доколку не пресудат согласно политички создадената атмосфера од власта. Дури и ако власта не вршела директен притисок на судот, кој верувам дека го вршела, доволно е само веќе поставената политичка атмосфера и клима во земјата за сите политички судења, а особено за ова.
Поинаку не може да се разбере одлуката на судот да ги прогласи виновни обвинитетите за т.н. случај “Организатори на 27”. Па обвинетите веќе беа осудени и во самиот наслов на предметот: “организатори на 27.”. Насловот не остава простор за поинаква пресуда, бидејќи тој однапред кажува дека обвинетите се виновни, дека се организатори, а судот се очекува само да го потврди тоа.
Замислете судот за овој предмет да донесеше ослободителна пресуда, каква што гледано според доказите и правдата требаше да се донесе. Да кажеше: ‘не можеме некој да прогласиме виновен на база на претпоставки, во отсуство на докази’“, стои во објавата на екс премиерот Груевски.