Дали знаевте дека старите игри на компјутер имале тајна задача? – Еве каква

- Advertisement -

Игрите кои Мајкрософт ги нудеше на Windows, како што се „Солитер“ и „Фри Сел“ и „Мајнсвипер“ не се нашле таму случајно. Всушност, тие биле наменети за луѓето што побрзо да научат да работат на компјутер. Старите игри на Windows постоеле не само поради тоа што се лесни за програмирање. На пример, според Менталфлос, Солитерот и Мин*кото поле се направени така што ќе помогнат на играчот да ги совлада основните компјутерски вештини за да може што полесно да ги користи персоналните компјутери во иднина.

Солитер (1990-та), освен што е игра со еден играч, помогнала на корисниците да научат да користат маус, особено „драг анд дроп“ операцијата.

Ми*ското поле (Мајнсвипер) е развиена во 1992-ра и се игра исто така со маус, а е наменета за совладувањето на левиот и десниот клик. Со излегувањето на Виндоус 8, овие игри веќе небеа дел од стандардните прилагодувања, туку беа достапни за симнување. Увидувајќи си ја грешката, Мајкрософт го враќаат Солитер на Виндоус 10.

Во оригиналната 4-ка на Windows игри може да се најде и „Хеартс“, која што исто така е игра со карти. Но, нејзината намена е комуникацијата со останатите играчи (фиктивни), за да може корисниците да се навикнат на подоцнежните компјутерски интеракции со останатите корисници.

- Advertisement -

Фри Сел (Фрее Целл) првпат се појавила на Windows 3.1. Можеби оваа игра немала некоја намена за корисниците, но била особено важна за натамошниот развој на софтверот.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави