Дали знаете која е идеалната температура за собите во куќата во текот на зимата? Бројките ќе изненадат многумина

- Advertisement -

Дали знаете која е идеалната температура за собите во куќата во текот на зимата? Бројките ќе изненадат многумина.За да не ви е ниту топло ниту ладно, ова се идеални температури за заштеда на струја.

Идеалната температура за вашиот дом најмногу зависи од вашите навики, но треба да се грижите за паметното користење на струјата. Затоа британското Министерство за енергетика препорачува да го поставите термостатот на температура меѓу 20 и 21 степен во зимските месеци, а пониска кога спиете или кога сте надвор од дома, пишува Real Simple.

Дневна соба

- Advertisement -

Температурата во дневната соба најдобро е да се одржува помеѓу 19 и 22 степени, бидејќи тука се поминува поголемиот дел од времето, а тука доаѓаат и гостите. Експертите велат дека е неопходно редовно да се проветрува оваа просторија.

Спална соба

Спалната соба треба да биде најкул, а идеалната температура е помеѓу 16 и 18 степени. Причината за ваквата ниска температура е квалитетот на сонот. Премногу високата температура во спалната соба лошо влијае на сонот, го зголемува немирот и го продолжува времето потребно за заспивање. Исто така не е препорачливо да спиете во ладна соба бидејќи може да настинете.
Кујна

- Advertisement -

Загрејте до максимум 20 степени, бидејќи готвењето дополнително го загрева просторот. Но, температурата не смее да биде под 20 степени, бидејќи тогаш се формира кондензација и влага, што предизвикува формирање на мувла.

Бања

- Advertisement -

Температурата треба да биде 21 степен, бидејќи е пријатно да се престојува, а на ѕидовите на бањата нема да се формира влага. Кога ја зголемувате температурата додека се капете, проветрете ја бањата.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави