Дарко Величковски, млад ентузијаст кој својата пасија ја пронашол во креирање на уникатни коктели ја раскажува својата приказна за Точка.
Започнал со наједноставни работни обврски во ресторан уште на своја 16 годишна возраст, а оттаму продолжува неговото искачување во полето на угостителството. Фокусот на своето работење го ставил на учење и креирање на нови рецепти за коктели.




Вели дека неговата партнерка и нејзината желба за патување низ светот била негова инспирација за да тргне на пат за Дубаи и да открие како може да напредува во својата пасија токму таму.Од моментот на пристигнување во Дубаи, неговите очекувања биле големи, вели Дарко. По пристигнувањето во хотелот во кој ја започнал својата работна кариера, видел алколони пијалаци и состојки кои дотогаш за Дарко биле непознати – и токму тоа било негов најголем предизвик. Почнал да работи во еден од најпознатите барови во Абу Даби, каде за кратко време неговата работа била наградена со многу признанија на чија сметка добил и повеќе понуди за работа.




Оттаму, заминал за Русија – Москва, каде престојувала неговата сопруга. Во Русија се стекнал со многу нови искуства во полето на „миксологија“ посетувајќи ги баровите ширум Москва – се до неговото повторно враќање во Дубаи каде го продолжува своето надоградување. Со многу труд и работа, вели Дарко, ресторанот во кој работел, успешно се рангирар во листата на 50 Најдобри ресторани во светот.




Сега работи во „The London Project“ ресторан кој се наоѓа веднаш до најголемата панорама во светот. Таму започнал со претставување на сосем нов стил на коктели, каде секој коктел раскажува своја уникатна приказна, која Дарко успешно ја поврзува со концептот на ресторанот.
„Реакцијата која ја добивам од гостите кога коктелот ќе биде послужен, е како крајот на магионичарски трик – секогаш возбудлив и изненадувачки“ – вели Дарко за Точка.
„ Сите пријатни и непријатни искуства, ме направија ова што сум денес. И повторно да се вратам на истиот пат, ништо не би променил, бидејќи сега го живеам својот сон“.




Неговите коктели може да ги видите на неговиот инстаграм профил „darkomeh“ или уште подобро, во прва прилика да го посетите ресторанот во кој работи и да проверите за што станува збор на лице место.
Како наш верен читател, Дарко на Точка и посвети еден уникатен коктел – кој дефинитивно би сакале да го пробаме во прва прилика.
извор: точка