Со оглед на ситуацијата со коронавирусот која во изминатиов период откако почна пандемијата никако да стивне и од аспект на ширење на вирусот но и од аспект на падот на економијата во јавноста се анализираат повеќе можни решенија за тоа што од предлозите и мерките кои беа носени досега давале вистинскк резултати.




Од полициски часови во текот на денот, до целосни карантини за време на викенд, затворање на угостителски објекти, хотели, затворање на граници и што ли уште не беа дел од мерките со кои земјите се справуваа во борбата против ширењето на коронавирусот.
Екс премиерот Љубчо Георгиевски во текот на минатата година даде еден предлог да се затворат сите државни и приватни работни места на 25 дена со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на една држава.




Тој тогаш предложи:
Секој вработен ќе биде должен првата седмица да ја земе од својот одмор.
За втората седмица сите вработени ќе добијат неплатен одмор од пет дена.




Третата седмица ќе биде платена како субвенција од буџетот на Македонија.
На овој начин сметаме дека ќе добиеме 25 дена општ прекин на движењето во Македонија и ќе се приближиме до идеалниот карантин или изолација.
Да речеме дека во моментов имаме ирационална состојба, имаме полициски час во 21 часот, а од друга страна имаме полни автобуси и полни фабрики каде што луѓето се во постојан ризик и лесно можат да го пренесат вирусот, стоеше во образложението и предлогот кој го даде првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.




Според него, тоа ќе придонесеше за да се помогне на економијата која е во своевиден хаос и ќе се спречело отпуштањето на илјадници вработени во Македонија.
Дали овој предлог од денешна перспектива беше најдобар или најлуд со оглед на тоа дека и сега ситуацијата не е сјајна, ниту пак е блиску до добра? Ваш коментар?