Ден пред венчавката добила шокантна порака од љубовницата на нејзиниот вереник: На крајот ја чекала свадбата, па му се одмаздила жестоко

- Advertisement -

Ви ја пренесуваме исповедта на девојка која на свадбата му се одмаздила на вереникот.

Кејси и Алекс беа во врска шест години и, по долго планирање, се наближуваше денот на нивната венчавка. Бракот сепак не помина, бидејќи ноќта пред големиот ден, Кејси доби низа пораки кои променија се.

Снимките од екранот на љубовните пораки кои свршеникот на Кејси и ги испраќал на друга жена, која очигледно била негова љубовница, доаѓале од непознат број. Работите да бидат уште полоши, сето тоа се случува во моментот кога идната невеста го прославува својот последен ден како слободна жена со своите пријателки, на шампањ.

- Advertisement -

Пораките само продолжија да доаѓаат.

“Имаш неверојатно тело и знаеш како да го искористиш. Штета е што мојата девојка не е половина добра во кревет како тебе. Никогаш не сум ја почувствувал оваа врска со никого”, била една од пораките што ја згрозиле Кејси.

Последните пораки биле испратени само неколку дена пред свадбата, а врската со љубовницата очигледно траела со месеци. Имаше планови за викенд, аранжмани за патување, дури и неколку заеднички фотографии.

- Advertisement -

Во последната порака, која стигна на бројот на Кејси, анонимно лице праша:

“Јас не би се омажила за него. А ти?”

- Advertisement -

Кејси првично беше покрај себе со шок и емоционална болка. Сепак, таа успеа да се собере и седна да размисли добро што ќе прави.

Свадби на крајот (не) ќе има.

Решила да не ја откаже венчавката и веднаш да се соочи со својот вереник со доказите што ги добила за измамата, наместо завети, дошла на идеја да ги прочита пораките што ги добила пред сите за време на свадбената церемонија и со тоа да го открие вистинското лице на младоженецот.

Кога сакале да разменат завети пред матичарот, Кејси го извадила мобилниот телефон и ги прочитала пораките пред сите. Нејзиниот вереник побледел и останал без зборови.

„Го погледнав во очи, плачејќи, а тој немаше што да каже. Ја напушти црквата, а кумот трчаше по него“, продолжи со својата исповед Кејси .

„Неговото семејство сето тоа го гледаше во шок, но сепак застанаа на страната на мене“, додаде таа.

Сепак, Кејси не сакаше прославата да оди на отпад.

„Ве сакам сите и, иако сето ова е страшно, среќна сум што дојдовте. Денеска нема да има свадба, но ќе славиме искреност“, им рекла таа на збунетите гости и ги поканила да и се придружат на веселбата.

На крајот на краиштата, таа вели дека „забавата била легендарна“ и дека ниту за момент не зажалила за својата одлука, пишува New York Post.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави