Детето гори од температура, а најблиската аптека е 180 километри

- Advertisement -

Помалите населени места според Елена Гижаровска, имаат проблем со дежурни аптеки. Таа тоа го тврди откако се обидела да пронајде една во Дојран и околината, откако нејзиното дете качило температура. Со статус на фејсбук реагира, а нејзиниот пост масовно се споделува на социјалните мрежи.
„Замислете вака: детето ви добива температура во сред ноќ. Се наоѓате во Дојран. Ви треба аптека.

Најблиската дежурна?

Во Скопје. 180 км одалечена.

- Advertisement -

Да, да – 180 км до најблиската дежурна аптека од Дојран.

Според Google Maps, има една аптека 24/7 во Струмица…

Само што е затворена пред 4-5 години. Но нема врска, барем виртуелно постои, нели?

- Advertisement -

Очигледно, децата надвор од Скопје не се разболуваат навечер.

Или можеби се очекува да се телепортираат?

- Advertisement -

Или пак температурата да почека до утре, кога ќе се отворат аптеките?

Навистина не ми е јасно како живеат луѓето во овие места, особено со мали деца.

Што треба да направат за да добијат основна здравствена помош после 8 часот навечер?

Ова не само што е срамота — ова е апсурд.

Добредојдовте во реалноста на рурална Македонија: каде што географијата решава дали твоето дете ќе добие здравствена помош или не“, напиша таа.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави