Додека им земам крв, ги слушам маките на луѓето и ги тешам:

- Advertisement -

Марјан Мац- Петровски е еден од нашите најпознати диџеи и голем хуманитарец. Пријателите, а и оние кои не го познаваат, а само го следат на социјалните мрежи, го засакаа поради неговиот оптимизам. Во време кога во сите медиуми прва вест е колку новозаразени од коронавирусот има, Мац на Фејсбук секогаш пишува колку луѓе оздравеле.

Тој неодамна, јавно побара помош за неговата сестра, која има 37 години и иако е магистер по меѓународно право е невработена. Диџеј Мац вели дека неговата сестра има CV од 75 страни, но не работи затоа што немаат врски.

За себе, тој не побара помош, но најде „чаре“. Откако од почетокот на пандемијата за него престана она што со љубов го работеше, диџејската професија која му носеше и приходи и задоволство, Мац ѝ се врати на својата стара работа-медицината. Тој сега грамофонските игли ги замени со вистиински игли и работи како лаборант.

- Advertisement -

-Лаборант сум добри десет, единаесет години. Потоа, пред шест години се повлеков од медицината, бидејки музиката многу ме исполнуваше и навистина одлично се чувствував, бидејќи нели најубавата работа е онаа која ја сакаме најмногу и не исполнува премногу“, ни раскажа диџејот, сега лаборант.

-Но ете , пандемијата си го направи своето . Една врата ми се затвори но друга ми се отвори, и ѝ се вратив повторно на медицината, бидејќи тоа го знам, тоа го учев, секако дека и медицината е дел од мене и секако дека си ја сакам многу. Едноставно немав избор, и ете така требало да биде. Овој долг период кој веќе трае и не можам да пуштам музика, ја заменив со боцкање“, додава Мац.

Без ангажман како диџеј тој е веќе цела година. Претходно, како и неговите колеги диџеи и музичари објавуваше дека живее од заштедата која ја имал, но морал да си најде работа која ќе му даде финансиска сигурност. Но, Мац е повторно оптимист.

-Се надевам дека ќе одиме на подобро и што поскоро кон враќањето во нормала. Па, да може и ние музичарите или диџеите да функционираме. Но, пред сè да сме сите здрави и живи, вели Мац и се фали од својата старо-нова работа.

-Од првиот ден со ден денес ми е супер. Бидејќи во мојата лабораторија „Рамус“, колегите ми се луѓе кои присуствувале на моите забави, и секако дека деновите се добри и лоши но на крај, ништо не е тешко ако се сака“, ни изјави Мац и раскажа за своето секојдневие периодов, кога има зголемена бројка на заразени.

-Секојдневието ми е , овој период со зголемен обем на домашни посети, и мојата работа е да одам кај сите тие луѓе дома и да им земам крв, и потоа назад во лабораторија да се испита. Не е лесно. Сите тие луѓе си имаат различни маки па ги споделуваат и ете. Сакал – не сакал ќе слушам и ќе се потрудам со некој убав збор да помогнам и дадам кураж за подобро утре од денес“, вели тој.

Прогноза за тоа кога ќе се вратат журките кои многу му недостасуваат вели дека нема.

„Но навистина премногу ми фалат и многу би сакал што поскоро да успееме да се избориме и да се вратиме во нормала за да може да уживаме во музиката. Спомените се секојдневни и постојано само слики вртам и си се присетувам на тие луди незаборавни забави“, рече диџејот за крај.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави