Докиќ: Носете по две маски или КН-95 за поголема заштита

- Advertisement -

Поради новите мутации на ковид-19 кои полесно се шират, потребна е и поголема лична заштита. Затоа може да се носат по две хируршки маски или маските КН-95, порача денеска пулмологот проф. д-р Дејан Докиќ.

„Не само британскиот сој, туку и другите, како бразилскиот и јужноафриканскиот сој, се шират полесно поради што според мене би требало да се подигне за еден чекор повеќе заштитата, односно средствата за лична заштита. Останува дистанцата и миењето на рацете и евентуално да се носат две хируршки маски или Н95. Подобро да бидете посигурни и претпазливи отколку да ги занемарувате овие мерки на заштита. Во однос на клиничката слика, не може да се тврди со сигурност дека овој сој прави потешка клиничка слика. Да, поголем број заразува, но за клиничката слика не може да се тврди, бидејќи пациентите доаѓаат доцна. Дали е заради задоцнето доаѓање на лекар или заради самиот вирус, не може да се каже“,

Тој потенцираше дека сите вакцини се ефикасни и за мутираните соеви на ковид-19. Посочи дека очекувано е да има реакции по вакцинацијата од аспект на блага температура и малаксаност, но дека тоа не треба да ги плаши граѓаните.

- Advertisement -

„Секоја вакцина има и некои несакани ефекти, но мора да спомнам дека пред да се регистрира во тела во ЕУ или САД, мора да дадете сериозни докази дека вакцината дејствува и дека е безбедна. Сите, па дури и ревизијата за ‘Астра Зенека’, сите тела изјавија дека се безбедни. Кога масовно се применува, ќе има понекое несакано дејство. Најчесто е болка во раката, оток на местото на апликацијата, може да има малаксаност, не многу висока температура, болки по телото, но сите овие симптоми проаѓаат истиот ден. Така што, не кај секого, но ќе има пациенти кај што ќе има такви несакани ефекти и луѓето не треба да се плашат“,

Докиќ уште еднаш демантираше дека е автор на текстот, кој се споделува на социјалните мрежи, а во кој наводно тој кажува став за состојбата со коронавирусот во земјава. Тој рече дека делото го пријавил во полиција и побара сторителите да бидат јавно објавени за да се спречи таквата злоупотреба во иднина, која, како што рече, има за цел да шири паника во јавноста и да внесе сомнеж врз здравствениот систем.Тој нагласи дека Министерството за здравство направило напори да го набави сите лекови и апарати потребни за лекување на ковид-пациенти, а смртноста вели дека е во рамки на европскиот просек.

Докиќ порача и дека родителите не треба да се плашат да ги пуштат своите деца во градинка бидејќи, како што рече, тие се мали и немаат доволен број АЦ2 рецептори, а со тоа помалку се заразуваат со ковид-19, а имаат и полесна клиничка сликаа.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави