Медицински истражувања ја потврдија директната врска помеѓу ненадеен и предвремен срцев удар и преголемата работа
Долг престој на работа, прекувремени часови поминати во канцеларија, стрес и замор во комбинација ве доведуваат во директен ризик од ненадеен и предвремен срцев удар, потврдија научните студии.
Имено, според едно спроведено истражување, помладите вработени лица кои често работат многу долго и прекувремено, со недоволен одмор и слободни денови, имаат значително поголем ризик од срцев удар.
Студија од 2019 година, која беше објавена во списанието „Stroke“, покажа дека секој што работи премногу долго има зголемен ризик од срцев удар.
За оваа студија, истражувачите испитале 143.592 возрасни лица на возраст меѓу 18 и 69 години кои имале најмалку шест месеци работно искуство и работеле со вообичаеното темпо. Ова значи дека повеќето од нив работеле цело време во текот на денот.
Лекарите зедоа и детална медицинска документација за сите учесници во студијата, заедно со можна историја на срцев удар или ризик фактори за тоа – дијабетес, висок холестерол или висок крвен притисок.
- 42.542 учесници (30 проценти) работеле повеќе од 10 часа на ден околу 50 дена во годината, што научниците го дефинирале како долго работно време.
- 4.481 лице (10 проценти) работеле премногу часови на ден најмалку една деценија.
- 1.224 учесници (околу 1 процент) претрпеле срцев удар на крајот на напорната работа.
Истражувачите откриле дека претерано долгото работно време го зголемува ризикот од срцев удар за дури 29 проценти во споредба со работното време помалку од 10 часа на ден.
Вработените кои работеле предолго една деценија или повеќе, имале дури 45% поголем ризик од срцев удар.
Научниците предупредуваат дека по напорниот, долг и стресен ден на работа, луѓето мора да се одморат и да ги релаксираат и телото и умот, така што организмот може да се опорави и да ја надополни изгубената сила.
Покрај долгото работно време, стресот, недостатокот на слободно време за релаксација и другите нездрави животни навики се дополнителни фактори на ризик за миокарден инфаркт, се додава во студијата.
Стресот доведува до зголемено лачење на хормоните адреналин и кортизол, а овие хормони имаат негативни ефекти што можат да доведат до висок крвен притисок, зголемено оптеретување на срцевиот мускул, истегнување на крвните садови, аритмија и атријална фибрилација, кои се главните причини за срцев удар , заклучија научниците.