Лекарите и научниците се едногласни: Телото на еден или на друг начин, секогаш ни сигнализира кога нешто лошо се случува со нашиот организам. Медицинските експерти по долги и темелни истражувања дојдоа до откритие дека една специфична состојба на ноктите може да биде предвесник на нешто опасно.
Истражувањето спроведено при американската Академија за дерматологија откри дека доколку кај луѓето на ноктите се појават црвени или виолетови линии, тоа може да биде ран знак на срцево заболување, дури и индикатор дека скоро би можел кај личноста да се случи срцев удар.
„Најпознатите знаци за претстоен инфаркт се болката во градите, отежнатото дишење и вртоглавицата. Но, еден сосема необичен симптом исто така може да биде индикатор за срцев удар, а тоа е промената на вашите нокти“- објаснуваат експертите. Тие заклучуваат дека состојбата може да се појави многу порано, пред да се појават посериозните симптоми. Според специјалистите, појавата на линии на вашите нокти не треба да ја занемарувате, доколку истите се појавиле без причина, односно без претходно да сте ги повредиле вашите прсти.
Состојбата на ноктите која се карактеризира со линии наликува на фрагмент сместен под ноктот, а доколку забележите и покачување на температурата на самиот прст, веднаш треба да посетите лекар.
Истовремено, медицниските експерти препорачуваат дека здравата и балансирана храна, како и умерената секојдневна физичка активност се најдобрите начини како да го намалите и спречите ризикот од срцеви болести, а на прво место, секој човек треба особено да внимава на внесот на сол што го консумира.