Докторите предупредуваат: Ова се непосакуваните последици врз здравјето доколку јадете премногу леб

- Advertisement -

Докторите предупредуваат: Ова се непосакуваните последици врз здравјето доколку јадете премногу леб

Иако станува збор за популарна намирница без која поголем дел од луѓето не можат, докторите предупредуваат дека прекумерното консумирање леб може да доведе до неколку непосакувани последици за нашето здравје.

Високиот внес на јаглехидрати како оние во лебот, првенствено можат да доведат до вишок килограми, односно непосакувана дебелина.

- Advertisement -

Зголемен ризик од дијабетес
Исто така, експертите предупредуваат дека прекумерното консумирање леб може да доведе до зголемен ризик од дијабетес. Имено, храната која содржи јаглехидрати, како што е лебот, предизвикува зголемено ниво на шеќер во крвта. Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до штетен исход како што се срцеви заболувања, губење на видот и болести на бубрезите поради што клучно е нивото на шеќер во крвта да биде под контрола.

Проблеми со кожата
Покрај зголемување на телесната тежина и поголем ризик од дијабетес, доколку јадеме премногу леб може да имаме проблеми со здравјето на кожата. Истражувачите откриле дека внесот на храна со високо ниво на гликемиски индекс, а тоа е белиот леб, ја влошува состојбата на кожата, доведува до стареење и појава на акни.

Затвор
Проблемите со варењето исто така се уште еден непосакуван ефект од прекумерното консумирање леб. Како што објаснуваат докторите, поради недоволниот внес на растителни влакна може да дојде до нарушување во функционирањето на дигестивниот систем што резултира со затвор.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави