Задолжително на вашето мени ставете ги овие намирници кои што покрај тоа што ги чуваат белите дробови, дејствуваат на целото тело.
За да се сочува оптималното здравје многу е важно да се чува здравјето на белите дробови – орган по пат на кој што внесуваме кислород и исфрламе јаглерод диоксид од организмот.
И во текот на пандемијата на коронавирусот, но и пред неа, неопходно е да се влијае на нивната состојба на бројни начини како на пример избегнување аерозагадување, редовна физичка активност итн.
Овие намирници влијаат поволно на белите дробови:




Ѓумбир
Овој здрав корен има антивоспалителни, антисептички и антибактериски својства и е одлична намирница за детоксикација. Помага и во елиминирање на наталожената слуз и ги прочистува респираторните канали.
Портокал
Ова овошје е многу богат извор на витамин Б6, Ц, а токму тие им помагаат на белите дробови во транспортот на кислород. Портокалот изобилува со антиоксиданти, има противвоспалително дејство, а некои истражувања докажале дека може да ги намали симптомите на астма.




Куркума
Суперздравиот зачин е чест состав на домашните напитоци за прочистување на белите дробови и општа детоксикација на организмот. Причината е куркуминот, соединение кое помага во ублажување на воспаленијата и притисокот кој се појавува во пределот на градите.




Тиква
Една од намирниците која што е најбогата со бета-каротен и витамин Ц е одличен борец против канцер, а особено болести на простатата и белите дробови. Содржи многубројни антиоксиданти, растителни влакна и калиум.




Јаболко
Овошјето кое што важи за едно од најздравите на светот, а покрај многубројните улоги тоа е важно и за чување на здравјето на белите дробови. Тим истражувачи од болницата „Св. Џорџ“ во Лондон своевремено ја проучувале врската меѓу исхраната и работата на белите дробови кај мажи на возраст меѓу 45 и 49 години. Истражувањето во кое учествувале над 2.500 луѓе покажало дека добрата функција на белите дробови е поврзана со внесот на витамините Ц, Е, бета-каротенот, но и внесот на јаболкото и овошните сокови.