Домашен леб што не се меси, рецепт што може да го направат и почетници во кујна

- Advertisement -

Домашен леб што не се меси, рецепт што може да го направат и почетници во кујна
Воздушест, домашен леб со крцкава кора е совршен за појадок со различни намази, а далеку повкусен од оној од пекарница.

Ако не сте вешти во месењето тесто, овој рецепт особено ќе ви се допадне. Нема да се испотите додека го приготвувате тестото, а финалниот производ ќе ги воодушеви сите членови на семејството.

  • Состојки:
  •  500 грама брашно
  • 500 милилитри вода
  • Една кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица шеќер
  • Една ќесичка сув квасец
  • Подготовка:
    Во сад со млака вода ставете го квасецот, додајте малку брашно и лажичка шеќер, па изматете ја смесата и оставете пет минути за квасецот да се активира.

    - Advertisement -

    Потоа, во поголем сад додајте го брашното, па активираниот квасец и лажичка сол, па сè добро измешајте со виљушка.

    Тестото ќе биде многу ретко, но тоа нека не ве загрижува – така и треба да изгледа во таа фаза. Покријте го садот со крпа и оставете го тестото да надојде час и половина.

    Кога ќе видите дека тестото се удвоило, уште еднаш помешајте го со виљушка и оставете да отстои уште еден час. Толку е потребно за во тестото да се создадат дупчиња.

    Садот во кој ќе го печете лебот ставете го во рерна добро да се згрее, па внимателно извадете го, однатре обложете го со хартија за печење и додајте го тестото, па засечете. Поклопете го садот, ставете го во рерна и печете го лебот така поклопен половина час на 220 степени.

    Потоа тргнете го капакот и намалете ја температурата на рерната на 200 степени, па печете додека лебот не добие кора.

Последни објави

Пилешките џигери подгответе ги вака и сите ќе ги засакаат, бидејќи стануваат ѕверски вкусни

Пилешките џигери подгответе ги вака и сите ќе ги засакаат, бидејќи стануваат ѕверски вкусни Вкусно јадење, брза подготовка… СОСТОЈКИ: 200 гр пилешки џиегер 200 гр интегрален...

МАЖОТ КОЈ ИЗНЕВЕРУВА СЕКОГАШ ГИ КАЖУВА ОВИЕ 6 РЕЧЕНИЦИ: Вака ќе препознаете прељубник, ОВА НЕСВЕСНО ГО КАЖУВА

МАЖОТ КОЈ ИЗНЕВЕРУВА СЕКОГАШ ГИ КАЖУВА ОВИЕ 6 РЕЧЕНИЦИ: Вака ќе препознаете прељубник, ОВА НЕСВЕСНО ГО КАЖУВА.Ако сте биле измамени во минатото, веројатно сте...

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Внукот донесе богата свршеница во старата КУЌА на баба му

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Внукот донесе богата свршеница во старата КУЌА на баба муДалеку во шумата стоеше стара куќа, речиси трошна. Таму живеела една старица, која...

Ова е најздравата салата – јадете ја барем еднаш неделно

Ова е најздравата салата – јадете ја барем еднаш неделно Правилно избраните производи при подготовка на салата може да го направат ова мезе исклучително корисно....

Помфритот ќе стане крцкав и златен ако ги следите овие 2 златни правила

Помфритот ќе стане крцкав и златен ако ги следите овие 2 златни правила Помфритот кој се служи во угостителските објекти обично има вкусна крцкава кора....

Поврзани објави

error: Content is protected !!