Доцна вечерва: Полицијата прекинаа две журки во познати скопски кафулиња

- Advertisement -

Во акција на Пазарниот инспекторат вечерва се затвораат две познати скопски кафулиња кои се наоѓаат во центарот на градот. Двете биле преполни со гости, се пуштала гласна музика и се правела журка, како да нема никави протоколи за заштита од ширење на коронавирусот.

Директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека првото кафуле кое се наоѓа во близина на Министерството за здравство и Клиничкиот центар било толку полно што луѓе не можеле да се разминат, а додека во вториот објект во населбата Капиштец имало журка како во времињата пред пандемијата.

Затворен е и локал во трговскиот центар „Мавровка“.

- Advertisement -

„Начекавме атмосфера на разиграни млади луѓе, гласна музика, со еден збор на големо кршење на ковид протоколите. Двете кафулињата ги празниме без асистенција на полиција. Ќе бидат затворени од 10 до 30 дена, ќе заработат парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава. Денеска затворивме и една игротека во која се славеше роденден со повеќе славеници“, вели директорот Пауновски.

Според ковид протоколите за работа на угостителските објекти забрането е да се прават забави, да има жива музика и да се пушта гласна музика. Забрането е стоење на шанк и на високи маси (коњопои), на маса може да седат само по 4 лица и треба да се оддалечени најмалку 1,5 метар. Но, состојбата низ локалите изминатиот месец е сосема друга, никаде не се почитуваат протоколи и се прават забави, како што и се гледа од фотографиите направени од инспекторите од Пазарниот инспекторат.

Денеска во земјава беа регистрирани 1.031 случаи на ковид-19, а починаа 20 лица. Во моментов активни се 11.641 случаи, а во болниците има сè помалку места па затоа од денеска отворени се ковид-центрите на четири скопски клиники.

Владата од средата донесе одлука за воведување на полициски час од 22 до 5 часот, но дозволи кафулињата и кафеаните и натаму да работат до 21 часот, со што се овозможува собири и правење на журки, а инспекторите велат дека не можат секаде да стасаат.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави