Обесхрабрени од социјалните правила кои велат дека жената да остане немажена е огромен срам, голем број на Албанки во последниве неколку години решиле да си ја бараат среќата во љубовта надвор од границите на нивната држава. Па така, бројкот на склучени бракови помеѓу Албанки и Срби од ден за ден се зголемува, пишува Блиц.рс.
Една од тие жени е Викторија Вида Јаковлевиќ која пред 13 години решила да го напушти родниот Скарад и да се пресели во планинското село Средна Река во Голија каде се омажила за Драган. Но, нејзиниот живот целосно се променил.
-Првите три месеци постојано плачев, буквално секој ден. Не знам дали знаете како е да се дојде во туга куќа во која не го знаете јазикот кој го зборуваат. Јас го разбирам албанскиот јазик, но појма немав што значи “чаша”, открива Викторија.
Но Викторија не била единствена која поминувала тешки денови. Нејзиниот сопруг Драган вели дека воопшто не му било лесно на самиот почеток од нивниот брак но трудот и посветеноста брзо се исплатиле.
-Ми беше тешкко, но се обидов да бидам силен психички и да бидам најдобриот педагог за неа. Да ја извлечам од депресијата и да стекнеме доверба еден во друг, вели Драган.
Кога Вида го научила јазикот заедничкиот живот станувал полесен а таа почнала да се вклопува во новата средина.
-Сега ми се допаѓа Србија – се навикнав на оваа држава. Се смеам но и пцујам како права Србинка, вели таа.
Имено на Вида и биле потребни само неколку недели за да научи да ги готви сите српски традиционални јадења.
-Денес готвам пити, баклава со ореви, месо…се тоа го научив одма, додава.
Впрочем, откако Вида стапнала во домот на Драган куќата процветала, па денес оваа двојка работи се заедно.
Според Драган, од денешна гледна точка, не постои дилема дека албанските жени успеаа да спасат многу спрски рурални училишта од затворање. Тој и додава дека не е единствениот маж во неговото село кој се оженил со Албанка.
-Имам роднина неколку куќи подоле во селото. И тој се ожени со Албанка и денес имаат три деца, завршува Драган