Духот на младата Даница и денес се појавува кај изворот – кога грми се слуша нејзиниот плач

- Advertisement -

Во селото Мача Сочаница во Босна и Херцеговина се наоѓа изворот врело Бабича за кој народот верува дека крие многу приказни.
Мештаните веруваат дека тука живее духот на млада и убава девојка, која навечер покрај изворот се прикажува во бел фустан, а некој вели и дека кога има невреме и грмежи може да се слушне плачот на девојката.

На пролет езерото добива свтлозелена боја која токму поради тоа добила уште едно име – „Моминско око“.Една од легендите вели дека во езерото се удавила млада и убава девојка заедно со брановите и запрежната кола. Мештаните раскажуваат онака како што им била пренесена приказната од постарите.
Девојката се викала Даница и со татко и работела на поле. Било пролет, време кога се орало. Таткото накратко ја оставил својата ќерка да ги причува воловите за да се одморат на нивата, а тој отишол до дома.Бидејќи било многу топло, воловите ожеднеле, па нагло тргнале кон езерото влечејќи и дел од запрежната кола.

Клиновите се закачиле за фустанот на девојката и ја довеле до мистичниот извор. Додека ја гаселе жедта се случило чудо – проаднале во водата заедно со девојката. Таткото трчал да ја спаси, но стигнал предоцна.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави