Д-Р БОЈАН ТРАЈКОВСКИ СПОДЕЛИ ИНТЕРЕСНА СЛУЧКА: Ех бе синко, мене Германците и Бугарите не ме плашеа, па коронава не ќе сум можела да ја победам

- Advertisement -

Доктор Бојан Трајковски е дел од ПЗУ Вера Медика и тој преку својата работа, во рамки на домашната посета, секојднеевно помага на луѓето кои се бораат со корона вирусот.

Впечатоците од својата работа ги споделува на Фејсбук и тоа најчесто се совети и апели за заштита на здравјето. Но, денес Фејсбукот статусот е посветен на 95 годишна пациентка, која поминала многу во животот и многу храбро се соочува и со овој предизвик.

“Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот:

- Advertisement -

Ех бе синко мене Германците и Бугарите во Втора Светска не ме плашеа и ништо не можеа да ми направат, не па коронава не ќе сум можела да ја победам!

Тек имам за живеење јас!!!

 

Ваква позитива ни треба“ напиша д-р Трајковски.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави