Д-р Лазаров: Ќе се забавуваат до 16-ти, за после ние да гинеме

- Advertisement -

Докторот Ненад Лазаров е бесен затоа што се остава доволно време да се рашири заразата и бранот да заземе поголеми размери.

„После да нема плачки, дали сте нормални 20тина тупанџии само има на видеото, и стотици гости, никаква заштита и мерки, језа ме фати, пишува на својот Фејсбук профил доктор Ненад Лазаров објавувајќи фотографија од свадба на која се гледа како не се држи дистанца помеѓу гостите.

-И ќе ги оставиме до 16ти да дивеат и извадат све сељачко од себе,да заразат се живо и диво а после ние да гинеме зошто “тоа ни е работа”.Овакво предавство и саботажа на сопствен народ нема никаде!“, пишува Лазаров.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави