АстраЗенека, донација од Унгарија за нашата гранична полиција, 6 000 дози!!! Сега шу праиме? Ние нашите граѓани помлади од 60 години не ги вакцинираме со таа вакцина.




По примената донација од 6.000 дози од вакцината на АстраЗенека од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, наменети за имунизација на Граничната полиција, д-р Никола Пановски со објава на Фејсбук се прашува како ќе ги искористиме овие вакцини бидејќи македонските граѓани коишто се помлади од 60 години не ги вакцинираме со таа вакцина.




„Астра-Зенека, донација од Унгарија за нашата гранична полиција, 6 000 дози!!! Сега шу праиме? Ние нашите граѓани помлади од 60 години не ги вакцинираме со таа вакцина. А овие за жал бајаги помлади ќе се. Како да ја искористиме вакцината, а да не ги навредиме Унгарците? Решение: нашата власт нема ништо против нејзините граѓани да се вакцинираат во странство. Значи кај граничниот камен само еден мал чекор од половина метар во соседната држава, боцкање со „Астра-Зенека“ на граничниот полицаец (тој што боцка може да си остане на оваа страна со нозете) и веднаш враќање во својата земја.




Ем испочитувана одлуката, полицајците вакцинирани, сѐ по пропис. Со Србија веќе имаме искуство, таму да си одат нашите граѓани, рече министерот. Тоа ви е драги пријатели вистинска грижа за здравјето на своите граѓани“, пишува д-р Пановски.