Еве зошто треба редовно да консумирате ротквици:Го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат дигестијата и придонесуваат за здрава и блескава кожа

- Advertisement -

Го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат дигестијата и придонесуваат за здрава и блескава кожа: Еве зошто треба редовно да консумирате ротквици.Ротквиците се вистински витамински „бомби“. Тие на почетокот се одгледувале во Кина, но го пронашле својот пат и до другите делови од светот.
Ротквиците се една од најстарите култивирани билки во светот, а нивниот широк спектар на бенефити е препознат најрано во Египет и Грција. Ротквицата била дури и славена – во Грција биле изработувани реплики од плодот од злато, а се наоѓа и на цртежите на гробниците на старите Египќани, кои ја сметале за чудотворна билка.

Ротквиците се исклучително богати со влакна, витамин Ц, фолна киселина и калиум, а содржат многу малку калории поради што се одлична намирница за пролетно чистење на организмот.Еве како делуваат на организмот доколку редовно се консумираат:

Ја негуваат кожата
Поради големата количина на витамин Ц, фосфор, цинк, витамин Б и антиоксиданти, ротквиците се одлични за здрав и блескав изглед на кожата. Во најголема мера придонесуваат за нејзина хидратација поради големиот процент на вода кој го содржат.

- Advertisement -

Го зајакнуваат имунитетот
Ротквиците имаат многу предности, но влијанието на имунолошкиот систем е една од најважните. Со внесување на половина шолја ротквици дневно, во салата или како ужина, внесувате 15 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц.

Овој зеленчук има моќ да ги регенерира и белите крвни зрнца, што е клучно во борбата со секоја болест.

Помагаат во регулирање на тежината
Поради витаминот Ц, ротквиците помагаат во претворање на мастите во енергија и со тоа помагаат во одржување на витката линија.

Го чуваат здравјето на бубрезите
Поради диуретичките својства, ротквиците го чуваат здравјето на бубрезите. Тие ефикасно ги исфрлаат наталожените токсини и помагаат во спречување на воспаленија на бубрезите и создавање каменчиња.
Ја подобруваат работата на дигестивниот тракт
Поради високиот удел на влакна, ротквиците се вистински сојузник на дигестивните органи. Тие помагаат при лошо варење, проблеми со констипација и мрзеливи црева. Имаат моќ и да ја обноват нарушената црева флора како резултат на разни диети и неправилна исхрана.

Ги ублажуваат уринарните инфекции
Како што споменавме и претходно, ротквиците важат за одличен диуретик, а со тоа го поттикнуваат и лачењето течности што е од исклучителна важност кај уринарните инфекции.

Последни објави

НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО

НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО Дали имате дигестивни проблеми, дали страдате од непријатен мирис на пот и лош здив?...

ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!

Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!Верувале или не, пиењето едно пиво дневно е исклучително добро...

Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!

Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!Нутриционистите советуваат дека течноста сепак е вистинскиот избор Сите сме имале многу пати...

ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА!

ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА! На секои 10 l вода додадете 250 гр сол и...

Поврзани објави