Еве како да дознате дали сте вакцинирани со „Синофарм“ или со „Синовак“?

- Advertisement -

Медицинските експерти, како во Македонија, така и во светот, велат дека сите вакцини, вклучувајќи ги и кинеските од „Синовак“ и од „Синофарм“, ги штитат граѓаните од сериозна клиничка слика како последица од ковид-19 и од смрт.
На социјалните мрежи сѐ почесто може да се прочитаат коментари од оние лица кои се вакцинирани против ковид-19 во земјава, дека наместо кинеската вакцина „Синофарм“ ја добиле другата кинеска вакцина „Синовак“, која сѐ уште не се употребува во Македонија, а од неа се очекуваат околу 500.000 дози да пристигнат до крајот на месецов.

Најголем проблем кај вакцинираните лица претставува името на вакцината, а кое за не толку информираните претставува проблем, бидејќи и двете кинески вакцини „Синофарм“ (SARS-CoV-2 Vaccine (Vero Cell) Inactivated) и „Синовак“ (COVID-19 Vaccine (Vero Cell) Inactivated) имаат слични генерички имиња кои го содржат и методот по кои се произведени (Vero Cell).

Медицинските експерти, како во Македонија, така и во светот, велат дека сите вакцини, вклучувајќи ги и кинеските од „Синовак“ и од „Синофарм“, ги штитат граѓаните од сериозна клиничка слика како последица од ковид-19 и од смрт.

- Advertisement -

„Синофарм“ – (SARS-CoV-2 Vaccine (Vero Cell) Inactivated) е произведена од Био-институтот за биолошки производи во Пекинг (Beijing Bio-Institute of Biological Products Co Ltd), подружница на Кинеската национална биотек група (China National Biotec Group).

Се работи за вакцина со „деактивиран“ вирус која оваа компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан, односно Институтот за биолошки производи. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. На пример, во борбата против дифтерија, хепатит Б, детска парализа или тетанус. Студиите во рамки на третата фаза се спроведени во десет земји во светот, меѓу кои и во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Перу, Србија, Мароко, Аргентина, Јордан и Пакистан.

Една од причините поради кои се прават истражувања и надвор од Кина е поради фактот што бројките на заразени во земјата летоска толку многу опаднаа поради строгиот локдаун поради што компанијата таму не беше во можност да дојде до релевантни податоци.

Оваа компанија на 29.12.2020 соопшти дека вакцината има 79% ефикасност.

„Синофарм“ на 7 мај беше првата кинеска вакцина одобрена од Светската здравствена огранизација за нејзина итна употреба, која би требало да се дистрибуира и преку Ковакс механизмот.

„Синовак“ – „Биотек“ – (COVID-19 Vaccine (Vero Cell) Inactivated) е произведена од приватната компанија „Синовак Лајфс Сајанс Ко. (Sinovac Life Sciences Co., Ltd.).

И кај оваа вакцина под името „КоронаВак“ се работи за вакцина произведена со класична деактивација на вирусот. Тестирањето е започнато уште минатото лето, меѓу другото и во Бразил, Индонезија, Бангладеш и во Турција. Производителите сѐ уште немаат објавено официјални податоци за ефикасноста на вакцината. Но, анализите кои ги спроведе бразилскиот партнер упатуваат на тоа дека ефикасноста е околу 50%. Индонезиските здравствени власти тврдат пак дека нејзината ефикасност е 65%.

Пред една недела ЕМА започна да ја разгледува вакцината „Синовак“. Прегледот се темели на прелиминарни резултати од лабораториски студии (неклинички податоци) и клинички студии. Овие студии сугерираат дека вакцината предизвикува производство на антитела насочени кон „САРС-КоВ-2“, вирусот што го предизвикува ковид-19 и може да помогне во заштита од болеста.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави