ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА МАКЕДОНСКИОТ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА: Матичните лекари го издаваат на сите кои примиле две дози од вакцината

- Advertisement -

Сите граѓани кои ги примиле двете дози од вакцината против Ковид-19 може да си го земат сертификатот од својот матичен лекар. Станува збор за двојазичен документ на мекедонски и на англиски јазик во кој се внесени личните податоци на лицето, како и тоа која вакцина ја примило, датумот на аплицирање и вакциналниот пункт. Во долниот дел на сертификатот за Ковид-19 вакцинација стои бар код со кој практично се докажува дека лицето е имунизирано против корона вирусот. Сертификатот за Ковид-19 вакцинација е заверен со дигитален печат од Министерството за здравство.

Матичните лекари со кои контактираше Фактор велат дека засега мал број од нивните пациенти си го побарале документот, но појаснуваат дека луѓето најверојатно се малку информирани околу ова, па и не знаат дека може веднаш да си го земат потребниот документ.

-Почнавме да ги издаваме сртификатите. Во нашата амбуланта има голем број пациенти кои веќе ги примија двете дози од вакцината против-корона вирусот, но станува збор пред се за повозрасни луѓе, кои и не знаат дека може да си земат ваков документ. Помладите се јавија телефонски, бараат да им го препратиме на мејл, а дел од нив дојдоа и лично да си го подигнат. Ние секако овој сертификат го издаваме бесплатно, тој понатаму ќе послужи при патувањата, велат од неколку приватни ординации матичните лекари.

- Advertisement -

Дел од европските земји, и воопшто земјите во светот каде масовно се вакцинира населението, веќе најавија големи олеснувања за вакцинираните. Први тоа го сторија Израел кои дозволија вакцинираните да може да присуствуваат на културни, спортски и други збиднувања. Од регионот, српските власти исто така размислуваат за одредени привилегии за вакцинираните, а од вчера и Германија најави дека за вакцинираните на пример нема да важи полицискиот час.

Најголемата придобивка е секако слободното патување откако ќе се добие сертификатот за вакцинација, но некои од граѓаните кои ги прашавме, велат дека на прво место им е здравјето.

-Јас ја примив руската вакцина Спутник V. Читам дека слободно ќе можело да се патува во Европа доколку си вакциниран со Фајзер или АстраЗенека. Од друга страна, пак, Грција која ни е најблиску и каде што нашите граѓани најчесто патуваат летно време, ја признава и Спутник, размислуваат и за Синофарм, но јас велам дека прво се вакцинирав за да си го заштитам сосптвеното здравје. Успеав сиот овој период да не се заразам со вирусот, сега сум вакциниран, ако треба и следната година ќе се вакцинирам. Лично сметам дека е малку дисриминирачки тоа што го прават властите во одредени држави. Не говорам за патувањата, секако дека на граница ќе се побара некаков документ со кој лицето треба да докаже дека не е инфицирано со Ковид-19, дали тоа ќе биде сертификатот или негативен ПЦР, не е важно. Но, дискриминирачки се според мене привилегиите кои им се даваат на вакцинираните. Некои од помладите, се уште не се стигнати на ред, на не е фер земјите уште веднаш да олабавуваат одредени мерки за оние кои ја завршиле вакцинацијата против корона вирусот, вели нашиот соговорник , 73-годишниот Никола С. од Скопје.

Со овој сертификат вакцинираните ќе можат да патуваат без никакви проблеми и без ПЦР тест за ковид-19 во државите каде што тоа е дозволено. Без сертификат, на граница задолжително треба да се има негативен ПЦР тест, но не постар од 72 часа. Исто така, може слободно да патуваат и лицата кои веќе ја прележале болеста, за што ќе добијат потврда од матичниот лекар, но ваков документ се признава само ако не се поминати 6 месеци од излекувањето.

Инаку, во Македонија според последните податоци, вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. На сајтот vakcinacija.mk досега се пријавиле повеќе од 256.346 граѓани кои чекаат да бидат повикани, односно да добијат термин за вакцинирање против Ковид-19.
Анита Буховски/Faktor

Последни објави

Кога ќе слушните за што служи талогот од кафето,ќе го чувате како злато: 2 се силни причини

Кога ќе слушните за што служи талогот од кафето,ќе го чувате како злато: 2 се силни причини Кафето е еден од омилените пијалоци што се...

Снаата и напишала писмо на свекрвата откако се изнервирала од бонбоните кои постојано им ги давала на децата

Снаата и напишала писмо на свекрвата откако се изнервирала од бонбоните и сите подароци кои постојано им ги давала на внуците. Нејзиното писмо ќе...

Колку ви е „тешка“ кошницата? Повеќе од 60 отсто од МАКЕДОНЦИТЕ велат дека се е прескапо!

Колку ви е „тешка“ кошницата? Повеќе од 60 отсто од МАКЕДОНЦИТЕ велат дека се е прескапо!Од друга страна, не толку мал процент од нашите...

Пчеларот Предграг открива лековити рецепти со мед, коприва и какао

Пчеларот Предграг открива лековити рецепти со мед, коприва и какао Предраг Спасиќ од Поповац, Ниш дава одлични совети за подобрување на здравјето со помош на...

Морате да ги сфатите сериозно! Овие симптоми укажуваат на недостаток на ЦИНК во телото

Морате да ги сфатите сериозно! Овие симптоми укажуваат на недостаток на ЦИНК во телотоЦинкот е основен минерал што телото не го синтетизира природно, што...

Поврзани објави

error: Content is protected !!