Тешко е на прв поглед да знаеме дали јајцата кои ги купуваме се свежи или не. Од каде и да ги купувате јајцата, сигурно секогаш сакате да знаете дали се свежи пред да ги скршите и зготвите. Тоа може многу прецизно да се одреди според начинот на кој јајцето плови во сад со вода. Колку е постаро јајцето, толку повеќе воздух се собира во внатрешноста на неговата лушпа. Еве како да ја направите проверката:
1. Во мал сад ставете вода со собна температура. Ако тестирате јајца кои претходно биле во фрижидер, тогаш користете ладна вода, но не до толку ладна како температурата во фрижидерот.
2. Внимателно пуштете го јајцето во водата, и гледајте што ќе се случи. Ако јајцето остане странично, на дното од садот, значи дека е свежо. Ако со едниот (горниот или долниот) дел го допира дното, а со другиот дел плови, јајцето сѐ уште е добро и може да се консумира, односно е старо околу една или две недели. Ако јајцето целосно плови во водата, значи дека е старо и не треба да се консумира.
3. Запишете ја датата и резултатите од овој тест на кутијата од јајцата. Кога ќе имате запишано кога јајцата биле свежи, нема да мора за скоро време пак да го правите овој тест.