Ела Дворник е родена 1990 година во Загреб како ќерка на познатиот хрватски музичар Дино Дворник.
Знаеме дека сите деца на славните се под притисок да го достигнат успехот на своите родители, а Ела не е исклучок. Единствено што… успеа да стане позната по тоа што е најомразената личност помеѓу хрватите.
Ела Дворник – ќерката на покојниот крал на фанкот порасна опкружена од медиумите, па поради преголемата заштита, заборави како е да се биде дете.
Скоро даде изјава дека на интернет открила дека боледува од опсесивно – компулсивно пореметување, но и покрај поставената дијагноза таа одбива да се лечи.
– Ако таквите личности одбиваат да се лечат, околината не може да им помогне. Освен тоа пореметување, не паметам ни лица. Еднаш се случи да се запознаам со една девојка повеќе пати – признава Ела.
Ела имаше желба да стане славна, па во јавноста се појавуваше во најразлични изданија, најчесто провокативно разголена и секогаш со различна боја на косата.
Позната како девојка “без влакна на јазикот”, успеа и да испровоцира многу луѓе, па мислењата за неа се… поделени. 🙂
Се обиде да лансира музичка кариера, па издаде пет синглови кои никогаш не се пробија во музичката индустрија.
Најпознат од овие синглови е песната “Хентаи”, со кој Ела неуспешно се обиде да се пробие на јапонскиот пазар, па потоа се оправдуваше дека песната е всушност пародија на јапонската поп-музика.
ЕЛА ДВОРНИК ги насмеа следбениците со нов пост на Фејсбук во кој го споменува нејзиниот сопруг Чарлс Пирс.
„Конечно ја забележувам разликата во возраста во мојот брак“, ја започна Ела објавата.
Чарлс е 13 години постар од Ела, а во коментарите откри и зошто нејзиниот 43-годишен сопруг бил поканет да се вакцинира.
„Тој има астма“, им напишала Ела на своите придружници.
Ела и Чарлс се венчаа во февруари 2019 година во Лас Вегас и имаат две ќерки. Уште во 2017 година се роди нивната ќерка Бали Ди, а минатата година се роди девојчето Луми Врен.