Почитувани читатели ви пренесуваме(појаснување) од Жан Митрев Клиник.
Што значат високите вредности на Д-димер во вашата крв?
Што се Д-димери?
Loading…




Во услови на глобална пандемија, кога се поголем е бројот на оние кои прележале COVID-19 или имаат активна инфекција, сигурни сме дека сте го сретнале терминот Д-димери.
Доколку не ви е сосем јасно, би сакале да понудиме информации: Кога се појавува? Кои се нормални, а кои покачени вредности? Како да се влијае на негово намалување?




Д-димерите всушност покажуваат вредности поврзани со разградување на тромб во организмот. Во таков случај, нивоата на Д-димер во крвта може да се зголемат.
Појавата на тромб, и со самото тоа покачување на вредностите на Д-димерите можат да бидат резултат на најразлични состојби.




Тромб или тромбови претставуваат чепови од згрутчување на крвта која може да да движи низ низ крвните садови и да блокира нормално функционирање на органте предизвикувајжи нивно откажување.
Во нормални услови кога ќе се исечеме на пример, телото реагира така што се активира коагулација т.е телото произведува тромбови-засирувања на крвта со цел да се запре крварењето.
Што значи висок Д-димер во контекст на COVID-19?




Ако резултатите покажуваат повисоки вредности од нормалното ниво на Д-димери, тоа значи дека имате нарушување на коагулацијата на крвта, и можност за создавање на тромбови. Но тоа пак не прикажува каде е тромбот или каков вид на нарушување на коагулацијата имате.
Кои се нормалните вредности на Д-димерот?




Нормалниот опсег за Д-димер е помал од 0,5mg/ml. Негативен резултат на тест со Д-димери значи дека многу веројатно нема да се формира тромб. Позитивен означува можност за формирање тромбови кои потоа можат да се движат низ крвотокот и да блокираат органи.
Затоа важно е во ваков случај да се примени терапија, која ќе го намали овој ризик.
Што значи тромб во белите дробови?




Белодробната емболија се јавува кога тромбот се сместува во пулмонална артерија и го блокира протокот на крв во дел од белите дробови. Згрутчувањето на крвта обично потекнува од нозете и се движи по десната страна на срцето и потоа се сместува во белите дробови.




Како се диагностицира длабока венска тромбоза?
Доплер ултразвук е тест кој користи звучни бранови за генерирање на слики и да се испитување на протокот на крвта во вените. Доплерот може да открие блокади или згрутчување на крвта во длабоките вени. Тоа е стандарден начин на дијагностицирање на длабока венска тромбоза.




- Како треба да се храните за да ја избегнете појавата на тромбоза?
Неколку природни разредувачи на крвта:
Оваа храна е корисна за спречување на згрутчување на крвта, бидејќи има својства што ги намалуваат коронарните ризици. - Лук.
- Кромид. Пожелно е да се јаде сиров.
- Ѓумбир
- Витамин Е
- Куркума
- Омега 3
- Црвено вино
- Вода