Жена уверува дека вака се случило: Богородица и го спасила целото семејство од магиите на соседите

- Advertisement -

“Во бунарот многупати наоѓавме фрлена мртва птица или некое друго животно – напишала жената”. Секојдневно на Интернет можеме да прочитаме мноштво искуства на луѓе на кои светците и молитвите им помогнале да се излекуваат од тешки болести.

Едно неверојатно сведочење пронајдовме на порталот на манастирот Лепавина, а запишано е уште во 1995 година. Денес се присеќаме по повод празникот Покров на Пресвета Богородица.

“Во манастирот Лепавина почнавме да доаѓаме пред 5-6 години. Постарата ќерка поради гушење и силна кашлица постојано беше по болници. Ги поминавме сите болници со неа и во секоја се случуваше истото: Ќе ја задржеа по еден месец и повторно ќе излезеше со температура и кашлица.

- Advertisement -

После започнаа да ја болат и нозете и да и отекуваат, не можеше од кревет да стане, па поради тоа имаше проблеми и со школото… Како што започнавме да ја носиме на молитва во манастирот, така состојбата и се подобруваше и повеќе не и беа потребни лекови. А користеше најсилни лекови. Кога ќе испиеше еден, цел ден не можеше од дома да излезе, само спиеше и лежеше.

Пред половина година докторот ја праша како успеала да се одвикне од лековите, бидејќи беше запознат со нејзината терапија. На почетокот редовно одевме во црква. Работевме и јас и сопругот, градевме куќа… Повремено одевме на литургија, но подоцна, кога врз себеси се уверивме дека некој може некому со магии да му нанесе зло, почнавме да одиме почесто.

Додека траело лекувањето, една старица од соседството ни доаѓаше дома и ни говореше дека ќе ни биде уште полошо. И реков: Нека биде како Бог сака, ние ќе одиме и натаму во црква. Подоцна во нејзината куќа се доселиле некои нејзини роднини, човек со жена и деца, но сè беше исто, па дури и полошо.

Што сè не правеа! Ја обиколуваа нашата куќа, особено кога бевме на нива или кога ќе ни стигнеше платата. Ги праќаа децата да ни пуштат кокошка или патка во дворот, и тогаш знаев дека тоа за ден-два кај нас ќе угине. Во бунарот многупати наоѓавме фрлена мртва птица или некое друго животно. Чувавме кози, ама сите до една ни пцовисаа. Често пати пронаоѓаме кесички со отсечен агол или некои тревки ставени од двете страни на патот покрај нашата куќа, или некои стапови во дворот или патот…

Не знам што значи сето тоа, но факт е дека тогаш сите чувствувавме некој умор и не ни беше добро. Особено ова се случуваше во очи некој голем празник, Велигден, Духовден…Веројатно за да не можеме да се подготвиме за на црква, да не можеме да се концентрираме на молитвата…

Инаку доста се молиме, некогаш и по два часа дневно. А кога сакавме да ја крстиме најмалата ќерка, тоа беше страшно, ни се закануваа и со смрт, не смеевме ни по телефон да се јавуваме.

Сепак, најлошо е кога ќе сфатите дека за такви работи ги користеа и децата. Тоа го открија и некои свештеници, дека постојат родители кои се користат со своите деца за да прават магии. Еднаш, додека нашата најмлада ќерка беше уште во количка, тогаш нивните деца некаква вода полеваа, а момчето постојано викаше: Таа ќе умре! А тие зад аголот скриени гледаа што прават нивните деца, и јас го гледав сето та, ама што можев да направам?

Е сега, дали тие се посилни кога ова го спроведуваат преку децата или на децата не може да им се враќа, па се послободни (направените магии се враќаат), не знам. Главно, пред нив почнав да се повлекувам дома. Ми беше страв. Веќе размислувавме да се преселиме, ама мислам дека денес секаде е исто. Кога одевме во манастирот, па кога ќе се вратевме од таму, едно време ќе ни беше добро.

Најпрво сè прскавме со света вода од манастирот Лепавина: околу куќа, по патот… и имавме мир додека имавме осветена вода од манастирскиот извор. Штом останевме без водата, беше готово. Со сигурност можам да кажам дека немаше добро да поминеме ако не почневме да одиме на молитви пред чудотворната икона. Ете, и синот тешко ни се разболе исто како и постарата ќерка, тешко се разболе кога тргна во училиште.

Додека сите бевме дома, тој во дворот најде некое цркнато животинче и го допре со раце. Доби заразна болест и заврши во болница. Тогаш ние, без знаење на докторите, му носевме да пие осветена вода од манастирот. Секој ден му носевме а тој едвај чекаше и ја пиеше, само за што поскоро да излезе од болница.

Го бањав во када со таа вода, го мачкав и со маслото што ми го освети отец Гаврил. И како го мачкав, така нему сите бубулици ми избија. Од тоа масло сè му изби надвор од него. После тоа тој беше добро. Потоа и со нозете имаше проблем, исто како и ќерката. Почнаа да го болат и само одеднаш ја изгуби силата. Пред тоа трчаше, беше полетен, а оттогаш едвај можеше и да оди, едвај до училиште одеше.

Првото одделение го помина повеќе во кревет отколку во училница. Повторно почнавме почесто да одиме во манастирот и состојбата почна да се подобрува. И најмладата ќерка чувствува благодетна сила од маслото кое е осветено во манастирот. Кога ја мачкам со тоа масло, се опушта и лежи мирно, а некое друго масло кое е исто благословено, не сака да го прими на себе.

Милоста Божја е голема, во тоа се уверивме 100 пати. Еднаш, кога не одевме толку често во црква, кога се враќавме дома околу 10 часот навечер, во “стоеденот” беше целото семејство. На тој пат имаше две големи кривини и баш кога ние навлеговме во едната, широк шлепер со приколка претекнуваше трактор. Сопругот почна да кочи, но во тој момент кочницата откажа.

Невозможно е на тој пат да се разминат шлепер, трактор и автомобил, но ние за некое чудо поминавме. Тоа никогаш нема да ни биде јасно, како останавме живи. Молитвата многу ни помага, и нашата семејна во домот и од отец Гаврил во манастирот. Дома имаме и икона од Мајката Божја Лепавинска. Едноставно, кога ја гледаме понекогаш можеме да видиме дека е тажна. Дали е тоа така зошто во нешто сме погрешиле или поради нешто друго, не знам.

Ама, ја гледаме и Нејзината насмевка, и Нејзината убавина, сето тоа го гледаме… Својата ќерка ја научив, секое утро и ја носам иконата да ја бакне. И откога тоа почнав да го правам, гледам дека ми е сè поубава и поубава.”

Последни објави

spot_img

Поврзани објави