Живот во Македонија или странство? – Убав сон, сурова реалност

- Advertisement -

Во последниве неколку години сведоци сме на нов бран иселувања на роднини, познаници и пријатели. Во соло варијанта, во парови, па и неколку семејства со се 1-3 деца си бараат чаре главно во Германија, во Канада и во САД. Дури и тие што одат сами не се печалбари од оној традиционален тип (одат, печалат и се враќаат по одреден временски период), туку сопствената иднина и иднината на своите претпоставени деца ја планираат таму. Тоа се обични, нормални помлади луѓе, најчесто со високо образование, подолго време невработени или слабо, недоволно платени.

Од разговорите со оние што заминале, тие си немаат посебно голем проблем со парите, поради кој би помислиле да се вратат. Ги мачат носталгијата, тоа што не ги гледаат родителите, друштвото и слично. Овие маки посебно важат за оние што заминале сами. На другите им е полесно. Побрзо се навикнуваат.

За сите што заминале или се во план да заминат покрај платата, важен е и квалитетот на животот. Подоброто здравство, поголемата безбедност и сигурност, и политиката како не толку важна, туку споредна работа во животот -никако не се занемарливи.

- Advertisement -

Секој со својата приказна. Има и такви што таму не поминале баш најдобро, па се враќаат овде, каде што исто така не им е супер. Има такви што се незадоволни.

Во многуте спроведени анкети, дури 80 отсто од младите во Македонија сакаат да заминат во странство.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави