ЗАБОРАВЕТЕ НА КАПКИТЕ: Интернетот полуде по овој трик за одзатнување на нос, 19 милиони прегледи (ВИДЕО)Да видиме дали е уште една лудост или има нешто во тоа.
Сезоната на алергии е пред нас, заедно со бројните вируси и сувиот воздух. Затнатиот нос е само еден од симптомите на алергија, а сега на интернет кружи видео со преку 19 милиони прегледи кое открива како да се ослободите од досадната затнатост.
Наместо капки, пробајте ги овие два трикови , и двата сосема природни, за деблокирање на носот.
Притиснете го горното непце во устата со јазикот и истовремено притиснете ја точката помеѓу очите со показалецот и средниот прст, како што е прикажано на сликата.
Друг начин е да ја свиткате главата, да го затнете носот и да не дишете неколку секунди, потоа да станете, да вдишете воздух и потоа да го повторите процесот.