Завршува полицискиот час – уште вечерва сте ограничени: Што понатаму?

- Advertisement -

Утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а министерот за здравство Венко Филипче на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Нова проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти, како што веќе беше најавено ќе се прави утре, а Комисијата за заразни болести и министерот Филипче сметаат дека на почетокот на неделава ќе имаме резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена.

-Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, рече вчера Филипче по посетата на Општата болница во Кочани.

- Advertisement -

Целта на неговото воведување, додаде, беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па дури и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

-Тоа го гледаме од возрасните групи на новодијагностицирани пациенти. Ние сме спремни да воведеме дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не дадат посакувани резултати, потенцира Филипче.

Нагласи дека сега е посебно потребен и многу важен системот на секојдневна координација, комуникација со сите релевантни чинители во менаџирањето на кризата, имајќи предвид дека е навистина силен новиот бран со Ковид-19.

Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави