Замија-растение кое носи среќа и пари, а нема да успеат да го исушат и најнеспособните

- Advertisement -

Доколку припаѓате на онаа категорија луѓе кои може да умртват и кактус, без грижа. Замијата е цвеќе кое не бара многу внимание и посветеност, а ќе ве награди со раскошни зелени ливчиња.

Се полева со вода од прилика еднаш месечно, па дури и поретко. Не треба да претерувате со водата, бидејќи на тој начин ризомот ќе почна да скапува, а листовите да пожолтуваат.

Ова зимзелено растение потекнува од Африка, а поради раскошниот изглед и лесното одржување последниве неколку години стана особено популарно како собно саксиско цвеќе.

- Advertisement -

Може да израсне и до 100 cm во висина, а се одликува со дебели фиданки во вид на стебла на кои растат сјајни, мазни и цврсти зелени ливчиња.

Треба да внимавате да биде на светло, но не биде директно изложена на сонце и температурата да не се спушти под 15 степени во просторијата каде што ја одгледувате. Оптималната температура за оваа билка изнесува од 18 до 24 степени.

Цвета од средина на летото до почетокот на есента со необичен цвет кој малку наликува на калата и се појавува околу дното на стеблата.

Замијата најдобро се размножува со раздвојување на стеблата или од листовите така што листот се става во влажен супстрат и се одржува таков бидејќи листот брзо се исушува, а во земјата ќе се зачне мал ризом од кој ќе потера ново растение.

Сепак, бидете трпеливи, бидејќи ова може да потрае прилично долго, но трпението секако ќе ви се исплати.

Последни објави

Исчистете го организмот со оваа лековита смеса од кефир и брашно од хељда

Чистењето на организмот треба да го спроведувате најмалку еднаш во шест месеци, односно два пати годишно, бидејќи наталожените токсини можат да доведат до различни...

Ленот и водата прават чудо за 12 дена: Кога ќе дознаете што се може, ќе го користите секој ден

Ленот и водата прават чудо за 12 дена: Кога ќе дознаете што се може, ќе го користите секој ден Мешавината од лен и вода помага...

Ослободете Го Вашето Тело Од Собраните Токсини, Исфрлете Го Песокот И Камењата Од Бубрезите

За подготовка на овој напиток ви се потребни само 2 состојки. Истражувањето покажало дека секоја 20-та личност пати од камен во бубрегот. Кога поминува низ...

Што се случува ако пиеме вода со јачмен секој ден?

Неговиот дневен внес ќе помогне да се одржи балансот на водата и да го засити организмот со витамини. Сите сме свесни дека треба да пиеме...

Вашиот јазик може да ви укаже дека страдате од подмолно заболување

Еден од најсигурните и антички методи за дијагностицирање на разни болести беше јазикот - неговата боја и чувствителност на различна храна и пијалоци. Тоа...

Поврзани објави

error: Content is protected !!