Сите го прашуваат рецептот за оваа сочна чоколадна торта со сирење и вишни, а ние го имаме
- За бисквитот ќе ви требаат од состојките:
- 130 гр путер
- 150 гр чоколадо
- 140 гр џем од цреши
- 150 гр кафеав шеќер
- 50 гр какао
- 80 гр обично брашно
- половина прашок за пециво
- 3 јајца.
На пареа растопете ги путерот и чоколадото, па додадете ги џемот и шеќерот. На крај во смесата просејте го брашното со прашокот за пециво и какаото. Нежно изматете ги јајцата со миксер и додајте ги во чоколадната смеса. Потоа почнете да го подготвувате кремот, а во меѓувреме подгответе ги црешите кои ќе ги додадете во колачот.
За кремот подгответе:
- 250 гр маскарпоне или друг крем
- 100 гр шеќер
- 2 јајца
- 2 лажици густина.
Измешајте ги сите состојки за кремот, а потоа истурете една третина од смесата за бисквити во калап за печење обложен со хартија, намачкајте го со половина од кремот, па врз кремот ставете ги црешите и нежно притиснете ги надолу. Постапката повторете ја со другата третина од смесата со бисквити, другата половина од кремот и преостанатите вишни и на крајот додајте го последниот слој од темната бисквитна смеса.
На самиот крај колачот можете да го посипете со крупно мелени лешници и да го печете 40 до 45 минути на 180 степени. Кога ќе се испече, изладете го, исечете го на коцки и на секоја коцка ставете по една цреша.