Спиењето во заеднички кревет со партнерот често води до прекин на сонот, што предизвикува голем број здравствени проблеми и лошо се одразува на кожата, утврдија научници, цитирани од “Дејли мирор”.
Една третина од Британците кои ја делат заеднички брачната одаја со партнерот, имаат проблеми со спиењето, бидејќи тој често е прекинат. А тоа води до зголемен ризик од депресија, болести на срцето и мозочен удар.
Д-р Нери Рамлахан препорачува на паровите да спијат во одделни соби, што ќе им се одрази добро поради здрав сон. Според неа многу тешко се среќава “компатибилни партнери во сон”. Ненаспаноста лошо се одразува и на кожата.
Луѓето кои често се будат ноќе, губат 30 проценти повеќе вода од кожата при изложување на ултравиолетови зраци. Индивидуите со лош сон изгледаат и двапати постари. Тие имаат повеќе брчки и потешко закрепнуваат после изгореници од сонце./kukuriku