За овој народ жената е БОГ: По разводот се и припаѓа на неа, мора да е заведена со оригинална песна и бира колку партнери ќе прими во домот!

- Advertisement -

Можеби досега не сте чуле за ова муслиманско племе, но она кое го разликува од другите е дека живее по целосно спротивни правила од остатокот на муслиманскиот свет. Луѓето кои припаѓаат на ова племе се викаат Туарези.

Туарезите се народ кој им припаѓа на древните берберски племиња, воглавно сместени на подрачјето на Сахара. Не се знае нивната точна бројка – таа се движи помеѓу 100.000 па сè до 3 милиони, но бидејќи народот се состои од бројни племиња различни по начинот на живот, многумина ги спојува само јазикот.

Туарезите често ги нарекуваат „Син народ“ бидејќи обожуваат да носат сина облека. Претставуваат еден од ретките муслимански народи каде мажите наместо жените ги прикриваат лицата, пишува Точка.

- Advertisement -

Но тоа не e сè.

Пред една припадничка на овој народ да стапи во брак, таа може да менува партнери и да живее според истите правила и слободи како и мажите. Кога фотографката Хенриета Батлер направила серија фотографии со Туарези, ги прашала зошто жените не ги прикриваат лицата. Одговорот гласел дека жените имаат прекрасни лица и дека мажите сакаат да можат да ги гледаат.

Сексуалната слобода кај овој народ е голема – мажот може да влезе во домот на жената, но од некој спореден влез, и да ја помине ноќта со неа додека остатокот од семејството се преправа дека не го забележува тоа. Жената може да бира колку партнери ќе прими во домот и кога ќе го направи тоа, а важно е сè да биде дискретно изведено и со најголема почит, објаснува фотографката која поминала долг период со овој народ. Поради ваквата слобода, жените се венчаат подоцна во однос на остатокот од муслиманскиот свет, некаде околу 20-та година.

Мажите ги заведуваат жените со песни кои ги пишуваат за нив и тоа е клучно во додворувањето и запросувањето. Поголемиот дел од жените се писмени, па честопати и тие составуваат песни.

Кај Туарезите, жената има право да се разведе од мажот и притоа ги задржува домот и животните. По разводот, мажот најчесто се враќа кај своите родители само со камила.

Разводот не е трагедија кај овој народ – напротив, обично тогаш се прави голема забава за луѓето да знаат дека жената е повторно слободна за брак.

Традицијата на матријархатот е толку силна што семејното стебло се гледа според женските членови на семејството. Со женидбата, мажот преоѓа во семејството на жената, спротивно од традиционалното. Уште еден дел од традицијата е што мажот го остава својот имот на децата на својата сестра наместо на своите деца бидејќи се смета дека децата на сестрата се поблизу до корените на семејното стебло од неговите – детето на сестрата со сигурност припаѓа на семејството додека мажот не може да се заколне дека неговото дете е навистина негово.

Последни објави

Исчистете го организмот со оваа лековита смеса од кефир и брашно од хељда

Чистењето на организмот треба да го спроведувате најмалку еднаш во шест месеци, односно два пати годишно, бидејќи наталожените токсини можат да доведат до различни...

Ленот и водата прават чудо за 12 дена: Кога ќе дознаете што се може, ќе го користите секој ден

Ленот и водата прават чудо за 12 дена: Кога ќе дознаете што се може, ќе го користите секој ден Мешавината од лен и вода помага...

Ослободете Го Вашето Тело Од Собраните Токсини, Исфрлете Го Песокот И Камењата Од Бубрезите

За подготовка на овој напиток ви се потребни само 2 состојки. Истражувањето покажало дека секоја 20-та личност пати од камен во бубрегот. Кога поминува низ...

Што се случува ако пиеме вода со јачмен секој ден?

Неговиот дневен внес ќе помогне да се одржи балансот на водата и да го засити организмот со витамини. Сите сме свесни дека треба да пиеме...

Вашиот јазик може да ви укаже дека страдате од подмолно заболување

Еден од најсигурните и антички методи за дијагностицирање на разни болести беше јазикот - неговата боја и чувствителност на различна храна и пијалоци. Тоа...

Поврзани објави

error: Content is protected !!