Неверојатното видео ги зачуди прво граѓаните на Велика Британија, а потоа и остатокот од светот.Некои луѓе ќе направат се за да стигнат до омиелената храна, а тоа е особено полесно ако си богаташ на кој не му се допаѓаат „фенси“ јадењата па за сендвич ќе поминеш и километри.




На видео од Британија може да се види како еден маж како седи во хеликоптер на ливада, а му му приоѓа локален работник во продавница со торба во рацете. Човекот ја зема и брзо полетува.
Се испостави дека „разгалениот“ летал 130 километри со хеликоптер за да го добие својот омилен сендвич.




Но тој сега е под полициска истрага за кршење на мерките кои што биле на сила, односно во тоа време на сила бил карантинот.Но што да прави човекот кога толку сака сендвич по цена на се ќе оди по него.
Засега е познато само дека ќе биде казнет многу, а можеби ќе му биде одземена и лиценцата за хеликоптер.