Од овој напиток докажано се исфрлаат вишокот течности, масните наслаги, се прочистува кр-вта и телото од токсини. Овој напиток буквално го придвижува целото тело. Не е ни чудо, бидејќи во неговиот состав меѓу другите компоненти, влегува и прочуениот ѓумбир.Ѓумбирот се смета за еден од најздравите зачини во светот. Исполнет е со хранливи и биоактивни компоненти кои имаат моќно позитивно дејство врз телото, но и за мозокот.
Ѓумбирот како билка потекнува од Кина. За консумирање, односно за правење на зачин се употребува т.н. ризом или коренот на растението. Тој низ историјата се користел во традиционалната медицина за подобрување на дигестијата, за борба со настинките и грипот, како и за многу други болести.Може да се употребува свеж, сушен во вид на прав, да се цеди како сок, но наоѓа примена и во некоја процесирана храна како и во козметичката индустрија во производство на продукти за нега на кожата и косата.
Ѓумбирот содржи соединение наречено гингерол кое поседува моќни лековити својства и може да делува потткнувачки во борбата со вирусни и бактериски инфекции. Гингеролот е главната биоактивна компонента на ѓумбирот. Тој е одговорен за повеќето лековити својства на ѓумбирот. Има моќно антиоксидативни и антивоспалитени својства.Гингеролот може да го намали ризикот од развој на поголеми инфекции. Тој се смета за одговорен и за инхибирачкото дејство на ѓумбирот врз развојот на многу бактерии од различни видови. Исто така, една студија откри дека ѓумбирот може да делува ефикасно против RSV вирусот, еден од најчестите предизвикувачи на респираторните инфекции.
Помага за намалување на болките во мускулите
Една студија открива дека консумирањето на 2 г ѓумбир дневно во текот на 11 дена, значително ја намалува болката во мускулите. Ваквото дејство не се случува веднаш туку е потребно конзистентно консумирање. Ова дејство се смета дека се случува токму поради антивоспалителните својства на ѓумбирот.
Помага во ублажување на остеоартритисот
Антивоспалителните својства на ѓумбирот можат да помогнат кај остеоартритисот. Остеоартритисот е многу чест здравствен проблем, особено кај постарите лица. Оваа болест подразбира дегенерација на зглобовите во телото, што води до хронични болки и вкочанетост во нив.Во спроведените студии на пациенти со остеоартритис, консумирањето на екстракт од ѓумбир на одреден период се покажало како олеснувачки во однос на болките на пациентите. Тие ја намалиле и консумација на лекови за болки. Според друга студија, ваквото дејство може да биде засилено ако ѓумбирот се консумира во комбинација со цимет и сусамово масло.
Ѓумбирот може да помогне при гадењето и нагонот за повраќање
традиционално се употребувал при мачнини и гадење, особено при оние нагони за повраќање кои се појавуваат наутро. Во модерната медицина постојат некои студии кои го потврдуваат ваквото дејство, па сè уште се препорачува за оваа цел, особено по тешки операции. Според некои научни истражувања се покажал и како корисен за нагоните за повраќање кои се чести кај трудиниците.Ѓумбирот може драстично да влијае на намалување на шеќерот во кр-вта и да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Ова е најновото откриено корисно дејство на ѓумбирот. Освен што студиите покажуваат дека кај пациентите со дијабет тип 2, кои редовно консумираат 2 г ѓумбир дневно, имаат намалено ниво на шеќер во кр-вта, тие покажуваат и друго интересно корисно дејство.Имено, последните студии покажуваат и значајно подобрени вредности за АpoB/ApoA односот и 23% намалување на маркерите за оксидација на липопротеини. Сето ова води кон намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Ѓумбирот може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол во кр-вта
Високото ниво на LDL липопротеинот или „лошиот” холестерол во кр-вта го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Храната која ја консумираме силно влијае на нивоата на овој холестерол.
Повеќе нови студии покажуваат дека пациентите со високи нивоа на холестерол во крвта кои консумирале ѓумбир поредовно, имале намалени вредности за нивото на вкупен холестерол, но и триглицериди во кр-вта. Ваквото дејство се смета дека најверојатно се должи на антиоксидативното дејство на ѓумбирот.Помага во слабеење, намалување на масното ткиво и чистење на цревата
Со текот на годините природно телото се успорува, токсините се таложат, а во цревата има сè повеќе гнилеж, стануваме интолерантни на сè повеќе состојки… Но, за да се ослободите од сето тоа без агресивна интервенција, обидете се овој напиток. Секако, не може преку ноќ веднаш да ве подмлади, но веќе за една седмица дава одлични резултати!