Лепа Брена и Саша Поповиќ направиле голема прослава за сите вработени во Гранд и да им се заблагодарат за соработка за сите изминати години. На прославата Боба Живојиновиќ и Лепа Брена дошле со одвоени автомобили.
Неа ја довезол возач, додека Бобо дошол со најстариот син Филип и пријателите, со што меѓу поканетитта веднаш почнало да се зборува дека повторно нешто не е во ред меѓу нив. Некој додал дека Брена престојувала на Црногордското приморје, без Бобо, додека тој три недели поминал сам во Америка.
Боба бил задолжен за организација на прославата, а Саша за избор на гости, кои како што кажуваат, Брена и Боба не ги познаваат. Бобо на тоа одговорил дека тој и Брена вложувале пари во Гранд, а некој мора да работа мислејќи на Поповиќ
Брена цела верчер била расположена, пеела, игралаи наздравувала а сопругот во ниеден момент не и се доближил, се следел од страна.
– Тие навикнати се секој да води свој живот и да не си пречат еден на друг. Моментално се фокусирани на заеднички бизнис кои наскоро го започнуваат. Отвараат хотели на Златибор, како и во Мајами. Во тоа ќе вложат 50 милиони евра – вели извор близок на Живојиновиќ, а Боба објаснил како тој гледа на својот брак:
– Покрај љубов мора да има и почитување. Што би рекла мојата баба: ‘Ако земеме коноп и јас влечам на своја страна, а ти на своја, што ќе се случи? Ќе се скине. Ако ти повлечеш на своја страна, а јас попуштам и обратно, тој ќе трае. Исто важи и за љубов и пријателство. Мора да дадеш за да добиеш. Брена и јас заедно сме 34 години и некако издржуваме- рекол Бобо, пренесува Свет.