Не мора да потрошите многу пари за да го направите стариот простор нов. Всушност, малку напор и добра идеја со минимални инвестиции ќе направат неверојатна разлика!
Силвија, корисничка на социјалните мрежи, која, признава дека не можела повеќе.да ги гледа нејзините кујнски елементи во црвено, па направи вистинска трансформација.
Бидејќи станува збор за мебел што не е стар, Силвија реши да прибегне кон најевтиното и најефикасното решение – самолеплива фолија!
Ѝ требаа 12 метри од оваа фолија за да се залепат предните делови од кујната, и сè вкупно чинело практично „џабе“.
Инвестираше 1.350 денари и нејзината стара кујна едноставно воодушевува! Силвија сподели слики на социјалните мрежи пред и по реновирањето, погледнете ја и сами разликата.
Покрај тоа што ѝ честитаа на упорноста и заклучија дека белата кујна изгледа сосема поинаку, многумина побараа и совет за лепење на лајсните. Силвија преку слики им објасни дека има две решенија – или исечете ги лентите во дебелина на даската и лепете ги така (што е помалку практично решение бидејќи полесно се лупат) или ставете фолија на внатрешната врата до 5 см, а потоа повторно над неа ставете слој од фолија.
Минимален влог, и огромна разлика – заклучија корисниците на социјалните мрежи.
извор:mondo.rs