Зголемете го нивото на железо во крвта со овие природни состојки.Коприва, просо и сусам за зголемување на железото во крвта
Освен лековите за зголемување на железото во крвта, коишто покрај позитивни имаат и голем број негативни ефекти, можете да пробате по природен пат да го регулирате нивото на железото во крвта.
Копривата е една од билките која успешно лечи анемија (слабокрвност), како и други болести кои се поврзани со крвта. Таа содржи железо, калциум, магнезиум и манган, кои влијаат на зајакнување на имунитетот. Најдобро е да се консумира свежа, но ефикасна е и кога е подготвена како чај. Нема никакви несакани појави од користењето на копривата и затоа може да ја консумираат и трудници и доилки.
Просото освен за подобрување на нивото на железо во крвта (во 100 грама просо има 9 милиграми железо) се употребува и при кардиоваскуларни проблеми, проблеми со органите за варење и со бубрезите, при задржување на течности во организмот…
Сусамот е богат извор на железо. Со консумирање 25 грама сусам дневно, во организмот се задоволуваат дневните потреби за внесување на железо. Освен железото, сусамот содржи дури седумпати повеќе калциум отколку млекото, а изобилува и со магнезиум, манган, селен, бакар.