Здравата храна никогаш не била поскапа: Кајсии 350, нектарини шпански 300, праски 200 денари, јагоди 250 денари

- Advertisement -

Продавачите објаснуваат дека сезонското овошје е увозно, затоа што оваа година има слаб род на домашно овошје

Цените на сезонското овошје на пазарите се замрзнувачки кајсиите ги има само на една тезга, нектарините и праските само на две.

Килограм кајсии е 350 денари, шпанските нектарини се 300 денари, а грчките праски 200 денари за килограм. Јагодите се веќе речиси еден месец по 250 денари за килограм, а цената „не попушта“, велат жителите.

- Advertisement -

Килограм кајсии, нема да верувате na пазар чини исто како и на пазарите во Скопје – 350 денари. Продавачот Даниел Стојименовиќ објаснува дека сезонското овошје е увозно, затоа што годинава домашниот род е слаб. Купувачите го купуваат во помали количини, мерено во грамажа.

Овошјето се продава на килограм, но има и спакувано во корпи од по половина килограм. На неговата тезга има добра понуда од праски, нектарини, но и јагоди. Има и портокали – килограм се 110 денари. Помала количина – помала цена.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави