Зошто НЕВЕСТИТЕ ФРЛААТ БИДЕРМАЕР, и кој обичај бил претходно наместо него

- Advertisement -

Еден од обичаите кои ја одбележуваат секоја свадба е фрлање на бидермаерот. Невестата се врти со грб, го фрла бидермаерот, а од другата страна невенчани млади скокаат по него бидејќи се верува дека тој што ќе го фати е следнниот кој ќе стапи во брак.

Корените на овој обичај датираат од далечното минато кога се верувало дека невестата носи среќа, што всушност е точно и денес, но не од такви размери.

Сепак, дали знаевте дека овој обичај започнал да се спроведува наместо стар обичај што младите сигурно не го сакале.

- Advertisement -

Порано имало расправии околу невестата и венчаницата, а не околу бидермаерот.

Имено, пред неколку стотици години се верувало дека ако ја допрете невестата на свадбата, ќе имате среќа, а ако откинете парче превез или венчаница, навистина ќе имате среќа.

Во средновековна Англија, венчаниците не биле толку скапи како денес, и се сметало дека венчаницата носи среќа на невенчаните девојчиња, па невенчаните гости го кинеле фустанот.

Едно од верувањата е дека за да не се борат гостите и да ја кубат невестата, започнал да се фрла бидермаер, што многу брзо било прифатено, а стариот обичај заброавен.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави