Зошто новинарката на Си Ен Ен СТАВИ МАРАМА? Се огласи и ЈА ОБЈАСНИ СИТУАЦИЈАТА (ФОТО)

- Advertisement -

Целиот свет бруи за тоа како новинарката на Си -Ен -Ен Клариса Ворд го тргна накитот и се покри со марама откако Талибанците пристигнаа во главниот град на Кабул. Новинарката се огласи изјави дека всушност секогаш носела марама на улиците во Кабул.

Ворд е една од ретките жени новинарки што останаа да известуваат од улиците на Кабул, главниот град на Авганистан, кој беше целосно окупиран од Талибанците во неделата попладне, додека илјадници граѓани и странци се обидуваа да избегаат.

Во еден момент, таа дури позираше покрај Талибанците, а сега објави дека носи хиџаб додека известувала од улиците на Кабул.

- Advertisement -

„Овој мим (вирална содржина што се шири од корисник на корисник, но во варијации на некој основен концепт) не е точна. На фотографијата погоре, пријавувам од приватна сопственост. Доле сум на улиците во Кабул окупирани од Талибанците. Секогаш носев марама на улица во Кабул, иако не со целосно покриена коса и хиџаб. Значи, има разлика, но не толку голема “, напиша таа на својот Твитер профил.

Фотографијата беше објавена и на нејзиниот Твитер профил за време на интервјуто со Ѓул Ахмад Камин, пратеник во парламентот во Кандахар, Авганистан, каде што може да се види дека таа навистина ја покрила главата со шамија.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави