Зошто нè болат колената кога се менува времето: Еве како може да се смири болката во зглобовите

- Advertisement -

Зошто чувствуваме болка во колената ноќе?Зошто нè болат колената кога се менува времето: Еве како може да се смири болката во зглобовите

Ова е вистинкиот совет за сите оние кои мака мачат со болка во нозете кога нагло се менува времето.

Кога е ладно, дождливо или на повидок е нагла промена на времето, одеднаш започнуваат да ве мачат силни болки во зглобовите, особено во некои стари повреди? Се прашувате зошто е тоа така и каква врска имаат временските пригоди со зглобовите?Иако сè уште не се познати вистинските причинители за оваа состојба, сепак, се верува дека можните причинители би можеле да бидат:

  • голема влажност
  • -нагли промени на времето
    нискиот воздушен притисок (тогаш зглобовите често отекуваат)
  • ниската температура (зглобовите тогаш се уште поболни, бидејќи студот влијае врз “подмачканоста” на зглобовите).
  • Според студијата спроведена во 2014 година која беше објавена во BMC Musculoskeletal Disorders, дури 67% од лицата кои боледуваат од остеоартритис се чувствителни на промените на времето. Таквите лица почесто патат од другите од болни и вкочанети зглобови.
    Можни причини за болни зглобови при промена на времето
  • Низок воздушен притисок или нагла промена на притисокот
- Advertisement -

Течноста која ги подмачкува нашите зглобови (синовијата) е чувствителна на нагли промени на воздушниот притисок. Притоа особено мислиме на пад на притисокот. При намален воздушен притисок синовијалната течност добива помал притисок и може да предизвика отекување и воспалителни процеси во околните ткива и зглобови.

При нагли промени на воздушниот притисок исто така, тетивите, ткивата и мускулите претрпуваат промени, односно се стегаат или шират. Тоа влијае врз зглобовите, кои последично стануваат сензитивни и болни.

  • Студ
    Кај ниски температури течноста од внатрешноста на вашите зглобови станува густа и помалку подвижна. Поради тоа, тие стануваат крути и нефлексибилни со што се отежнува секое движење. Зглобовите се најболни во време на нагло опаѓање на температурата на воздухот.
  • Слаба циркулација на крвта кон нозете
  • Според мислењето на експертите, за време на постудените денови крвта засилено струи кон виталните органи, како што се срцето и белите дробови. Тоа значи дека е намален дотокот на крв кон екстремитетите и зглобовите. И тоа може да биде едно од објаснувањата за зголемена болност на зглобовите.

    Последни објави

    НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО

    НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО Дали имате дигестивни проблеми, дали страдате од непријатен мирис на пот и лош здив?...

    ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

    ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

    Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!

    Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!Верувале или не, пиењето едно пиво дневно е исклучително добро...

    Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!

    Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!Нутриционистите советуваат дека течноста сепак е вистинскиот избор Сите сме имале многу пати...

    ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА!

    ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА! На секои 10 l вода додадете 250 гр сол и...

    Поврзани објави