Зуица Лазова раскажа како со Наум Петрески се грижат за децата и како живеат во овие времиња

- Advertisement -

Зуица Лазова е една од нашите најпознати и најдобри пејачки во фолк музиката, и професор по хармоника во средното музичко училиште. Таа е сопруга на Наум Петрески и мајка на две деца.

Зуица беше гостинка во емисијата „Магазин“ на Тв Сител. На почетокот од разговорот, таа на сите гледачи им посака полесно да им минат Велигденските пости и рече дека имала прекрасен викенд во кој со најблиските го прославила празникот Прочка.

Таа раскажа дека е многу врзана за својот роден град Штип, и се уште оди таму да го посети братот, снаата, внукот и чичкото.

- Advertisement -

– Имавме навистина прекрасно детство, моите убаво не воспитуваа. Не се среќававме со пандемијата како денешниве деца.

И јас и Наум се трудиме, но мислам дека нема да успееме да го обезбедиме она што ние сме го поминале како деца.

Да им обезбедам една безгрижност, сигурност, а не ваква неизвесност.“, рече Зуица.

Потоа зборуваше како ѝ дошла паузата од настапите која ѝ ја донела пандемијата. „На почеток, ми дојде како кец на десетка. Имав време да одморам, да научам нешто ново.

Во кујната во оваа време мислам дека сите станавме експерти. Мислам дека не остана нешто што споделија по интернетот, а што јас не направив.

Сега веќе ни недостасува она што живот значи. Сцената за нас значи живот и финансии и уживање, и дружба со сите оние коишто сакаат да не слушаат, и едвај чекаме ова да заврши или некако да стивне“, рече Зуица.

Таа потоа ја коментираше онлајн наставата и рече дека како професор по хармоника засега добро ѝ оди со учениците, но за неа не е тоа тоа, и онлајн наставата онлајн настапите кои ги практикуаат нејзините колеги и од домашната и од светската музичка сцена.

Зуица рече дека хармониката не е само машки инструмент и се гордее дека изучила многу генерации.

– Многумина не знаеја дека јас на хармоника свирам класична музика. Очекуваа веројатно да засвирам по неко оро или некоја народна песна. Но, јавноста научи дека хармониката е фантастичен инструмент за свирење класична музика“, рече Зуица.

– Мене никогаш не ми било тешко да изберам што сакам во животот, тоа беше хармониката и ќе остане до крај. Затоа секогаш сум внимавала да останам доследна на професијата.

Да бидеш професор не може да ти дозволи да бидеш прв во другата професија, во пеењето.

Тука секогаш мораш да внимаваш до каде може да оди границата, и на провокативност, и на однесување, и на облекување.

Секогаш кога ќе излезев на сцената, а знаев дека сум од сабајле на работа, а после тоа на пеење, облеката којашто ја бирав мораше да соодветсвува и за едното и за другото“, зборуваше Зуица за својот стил на сцената за кој рече дека внимателно се грижи. Потоа, Зуица зборуваше и за своите деца.

– Постарата ќерка Македононка е веќе на Академија, таа има 19 години, прва година на соло пеење, кај познатата Весна Илкова, а Стефан е се уште во основно училиште.

Тој е седмоодделенец, со којшто секојдневно се бориме да ги исполниме сите обврски зададени со онлајн наставата.

Инаку свири гитара кај Владимир Чадиковски, па ќе видиме како тој понатаму ќе развива. Еве да речеме дека малку ни се поделени децата, јас така сакам и милувам да си кажам.

Македонка повеќе наликува на Наум, но милувам да кажам дека Стефан ете, повеќе личи на мене“, рече Лазова за своите деца и за сопругот.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави