Иван со видео порака од лекувањето во Полска: Инфузии примам и некои нивни лекови. Фала му на Господ,сега за сега добра е ситуацијата

- Advertisement -

Иван Нисов, еден од повредените што го преживеа страотниот пожар во дискотека во Кочани, на социјалните мрежи објави видео од својата здравствена состојба додека се лекува во Полска.

Момчето од Кочани истакна дека неговата состојба е стабилизирана, а претходно имал проблеми со дишењето. Иван се надева дека наскоро ќе излезе од болницата и ќе може да се врати дома во Македонија.

– Така ми кажаа докторите – дека сум бил прочистен внатрешно. Доста примав инхалации, уште примам, на кислород сум цело време. Инфузии примам и некои нивни лекови. Фала му на Господ,сега за сега добра е ситуацијата, порача Нисов.

- Advertisement -

Последни објави

spot_img

Поврзани објави