Во Македонија денеска се очекува нестабилно време со поројни дождови и грмежи. Можно е локално да се појават поинтензивни невремиња, кои ќе бидат проследени со големи количини на врнежи за краток временски период, град и силен ветер во зоната на најинтензивните дождови, според најновото предупредување на Управата за хидрометеоролошки работи.
Нестабилно време со поројни дождови и грмежи, кои локално може да бидат поинтензивни. Можно е локално невреме со голема количина на дожд за кратко време, појава на град и силен ветер во зоната на најсилните поројни врнежи, предупредува УХМР.
Предупредувањето важи за цела Македонија и територијата на Скопје.
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи и локални поројни дождови со грмежи, кои ќе бидат поизразени во вториот дел од денот. Локално се можни обилни врнежи, краткотраен град и силен ветер.
Ветерот ќе биде слаб до умерен, во најголем дел од земјата од западен и северозападен правец, а само на југот од земјата од југозападен.
Највисоките температури ќе се движат од 18°C на север до 27°C на југоисток.
Од среда (07.05.) се намалува веројатноста за невреме, но и понатаму ќе се задржи променливо и нестабилно време со повремени врнежи и локални поројни дождови со грмежи, со пониски дневни температури (од 17 до 24°C).
Активирани се метеоалармите
На целата територија на Македонија се активирани метеоаларми. Во некои делови на државата е активиран жолт метеоаларм, што означува дека времето може да биде потенцијално опасно, со дожд и грмежи.
Во останатите делови од земјата на сила е портокалов метеоаларм, кој означува опасно време, проследено со дожд и грмежи.
Портокаловиот метеоаларм значи дека се прогнозирани опасни временски појави, со интензитет што може да предизвика материјална штета и да биде опасен за луѓето и животните. Потребно е да се биде многу внимателен, свесен за ризиците и редовно да се информирате за очекуваните метеоролошки услови. Следете ги советите на надлежните служби.